Народна медицина: Домашен лек кој помага во исфрлање на камен од бубрегот

Едноставен рецепт со просо кој ќе ви помогне да ги исфрлите песокот и камчињата од бубрезите за само 10-15 дена

hulled millet

Потребни состојки:
  • 200 грама просо
  • 2 литри вода
Начин на подготовка:

Измијте го просото во малку топла вода, ставете го во тегла од три литри и прелијте го со два литри вода. Затворете ја теглата, добро промешајте, замотајте ја теглата во нешто топло и оставете така да преноќи. Наутро одново промешајте. Сега течноста треба да биде бела. Претурете ја течноста во друг сад и пијте ја во текот на целиот ден без ограничувања.

Вечерта подгответе нова доза за утрешниот ден и така секој ден. Резултатите би требало да се појават за 10-15 дена кога треба да го исфрлите каменот.

Со овој лек, покрај тоа што ќе го растопите и исфрлите каменот преку урината, исто така ќе ги исчистите бубрезите и од песок и слуз. Дополнително, напитокот го елиминира воспалението и го обновува ткивото на бубрезите и на уринарниот тракт.

Овој напиток е добар и за превенција, дури и ако немате моментални проблеми со бубрезите, со цел да спречите потенцијални болести и да им се спротивставите на природен начин.

Уште еден корисен лек кој се користи за чистење на црниот дроб и за поттикнување на разложувањето на камењата во жолчката и во бубрезите е мешавината од лимон и маслиново масло.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар