Намирници што треба да ги јадете ако вчера сте јаделе нездрава и калорична храна

Подуеноста, бавното варење и другите проблеми со варењето на храната се јавуваат како резултат на лоша исхрана, но постојат намирници што може да ја поправат штетата. Брзиот начин на живот придонесува да немате време за здрави оброци, но овие неколку намирници може да ги поништат ефектите од нездравите намирници.

Намирници што треба да ги јадете ако вчера сте јаделе нездрава и калорична храна

Чиа семе

Со само две лажички чиа семе, ќе му обезбедите на вашето тело доволно растителни влакна што ќе влијаат на варењето на храната, а поради антиоксидантите што ги содржи, чиа семето ќе ги отстрани токсините од телото.

Супа од месо

Без разлика дали готвите пилешко, телешко или риба во вода, таа ќе биде богата со хранливи материи, а бидејќи е лесно сварлива, веднаш ќе му ги обезбеди потребните хранливи материи на организмот.

Морски алги

Морските алги се богати со витамин Б12 и ќе ја отстранат подуеноста. Покрај тоа, тие се богати со калциум, фосфор, магнезиум, железо и калиум и се добри за целокупното здравје.

Сок од алое вера

Сокот од алое вера е одличен за чистење на цревата, а исто така го намалува воспалението и ги штити цревата. Овој сок ја зголемува количината на добри бактерии во цревата и со тоа помага при варењето на храната.

Чај од глуварче

Со пиење чај од глуварче ќе ги елиминирате подуеноста и насобраната вода во телото, а со подготовка на чај од корен од глуварче, ќе го зачувате здравјето на желудникот, но може и да изгубите тежина.

Ореви

Консумирањето ореви ќе ги реши проблемите поврзани со чувствителниот стомак, но и со подуеноста.

Прочитајте кои намирници го исфрлаат вишокот течности од телото и го намалуваат крвниот притисок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар