Најслатките безглутенски колачиња

Најслатките безглутенски колачиња

Совршен и вкусен десерт за сите оние кои не смеат да јадат глутенски производи

Најслатките безглутенски колачиња

Потребни состојки:
  • 130 грама сенаменско безглутенско брашно
  • 1/4 лажичка сода бикарбона
  • 1/8 лажичка сол
  • 1/4 пасирано авокадо
  • 3 супени лажици кокосово масло, стопено
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2 супени лажици сируп од темен ориз или јаворов сируп
  • Една рака чоколаден чипс (или вашето омилено чоколадо исецкано на мали парчиња)
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и подмачкајте го калапот за печење со масло. Во голем сад, измешајте ги брашното, сода бикарбоната и солта. Во помал сад, измешајте ги авокадото, кокосовото масло, екстрактот од ванила и сирупот. Додајте ги овие состојки во големиот сад и мешајте сѐ додека не се соединат, а потоа додајте го и чоколадниот чипс. Намокрете ги вашите раце и почнете да правите мали топчиња со тестото. Топчињата сместувајте ги на калапот за печење и сплескувајте ги нежно со дланката. Откако ќе завршите со подготовките, пикнете ги колачињата во рерната и печете 11-13 минути, додека краевите не станат цврсти. Потоа извадете ги од рерната и дозволете им да се оладат пред да почнете да уживате во нив.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар