Најинтересните статистички податоци и рекорди во сексот

Најинтересните статистички податоци и рекорди во сексот

Автор: Сара Турановиќ

Брачните парови најчесто ја практикуваат мисионерската поза, жените во текот на животот просечно менуваат 4 партнери, еден од десет парови спијат одвоено. Ова се дел од добиените статистички податоци. Во продолжение ви ги откриваме најинтересните статистички податоци за сексот кои варираат од бизарни до застрашувачки.

najinteresnite-statistichki-podatoci-i-rekordi-vo-seksot-kafepauza.mk

1. Просечната должина на пенисот во ерекција е од 12,7 до 17,8 см.

2. Дури 5% од мажите на 40-годишна возраст искусуваат некој облик на еректална дисфункција, додека ист проблем имаат 15% до 20% од мажите од 65 год.

3. Сексот и мастурбацијата го намалуваат стресот и нервозата. Во текот на односот телото испушта хормон кој благотворно влијае на организмот, па затоа после секс секоја задача е полесна.

4. Совршениот секс трае од 7 до 13 минути. Едно истражување открило дека многумина мислат дека сексот од 2-3 минути е прекраток, а од 13 минути предолг. Изгледа најдобро е 10 минути.

5. Научниците од клиниката Мајо тврдат дека со редовен секс може да се продолжи животот од 10 до 12 години.

6. Во просек мажите ја губат својата невиност на 16,9 години, додека кај жените таа граница изнесува 17,4.

7. Дури 1 од 10 брачни пара признале дека спијат одвоено.

8. Мажите најмногу изневеруваат помеѓу 3-тата и 6-тата година од врската.

9. Секој петти маж фантазира за секс со медицинска сестра.

10. Во текот на сексот, оргазам доживуваат 75% од мажите, додека врвот го достигнуваат само 29% од жените.

11. Мисионерска поза најмногу практикуваат брачните парови, што во процент би било околу 85%.

12. Две третини од студентите признале дека имаат врска без обврски.

13. Жените во текот на животот имаат во просек 4 сексуални партнери, додека мажите 7.

14. Дури 50% од сексуално активните мажи и жени во животот имаат ХПВ инфекција.

15. Со текот на годините бројот на сексуални односи, опаѓа но затоа пак квалитетот станува подобар, велат научниците.

16. Поголем број луѓе до 30-та година практикувале секс на отворено. Најчести места за таквите активности се парковите, дворовите и клупите.

17. Дури 76% од жените доживеале оргазам додека имале секс со партнерка од ист пол, додека врвот со партнер од спротивниот пол го достигнале само 50%, покажало едно истражување кое опфаќало 2.000 испитаници.

РЕКОРДИ ВО СЕКСОТ:

1. Порнографската глумица Лиза Спаркс во еден ден имала секс со 919 мажи. Рекордот го постигнала во 2004 година на полскиот саем Еротикон.

2. Јапонецот Масанобу Сато на маратонот за мастурбација во Сан Франциско го поставил рекордот од 9 часа и 58 минути.

3. Најдалечно исфрлање на машка ејакулација е 6 метри во далечина, а носител на овој неверојатен рекорд е човекот по име Хорст Шулц.

4. Најголема оргија се одржала во Јапонија, каде што се собрале 250 пара кои уживале во сексот и се набљудувале меѓусебно.

5. Најголем број на ејакулации постигнал неименуван маж, а неговата „магична бројка“ е 16 исфрлања за еден час.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар