Најдобриот сок за сјајна кожа

Мешавина од состојки, наменети за сјајна и убава кожа

Најдобриот сок за сјајна кожа

Потребни состојки:
  • 1/2 црвена зелка
  • 1 средна главица цвекло
  • 1 морков
  • 1 средна краставица
  • 1 голем портокал
  • 1/2 лимета
  • 2 лажички ѓумбир
Начин на подготовка:
  1. Измијте ги и подгответе ги состојките.
  2. Во соковник, ставете ги сите состојки, освен портокалот и лиметата. Нив исцедете ги во друг сад рачно или преку соковник, наменет за цитрусни плодови.
  3. Во чаша, ставете ги двете добиените течности и промешајте.
  4. Уживајте!
Здравствени придобивки:

Една од причините зошто кожата станува безживотна со текот на годините е намалениот колаген. Овој пијалак може да го зголеми неговото количество, а еве како:

  • Црвената зелка, портокалот и лиметата содржат висок степен на витамин Ц и антиоксиданси, кои ги штитат клетките од оштетување.
  • Цвеклото содржи цинк и метали, кои се клучни за здрава кожа. Исто така, го чисти црниот дроб, орган кој е тесно поврзан со изгледот на кожата.
  • Ѓумбирот го намалува црвенилото и содржи многу антиоксиданси.
  • Краставиците содржат 96% вода, а хидрирањето е од особена важност за кожата. Исто така, имаат огромна нутритивна вредност. Богати се со антиоксиданси, го намалуваат црвенилото на кожата и ризикот од рак.
  • Морковите се богати со бета каротин, кој е одличен за кожата. Како и другите состојки, содржат многу антиоксиданси и хранливи материи, корисни за здравјето, воопшто.
САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар