Момците откриваат: 8 нешта кои девојките треба (повеќе) да ги прават во креветот

Исто како што и ние жените имаме листа желби за интимните моменти, така и мажите многу добро знаат што сакаат и што ги возбудува помеѓу чаршафите. Овој пат тие ни откриваат што повеќе би сакале да видат од своите партнерки со цел да имаат поисполнет и повозбудлив сексуален живот.

Момците откриваат: 8 нешта кои девојките треба (повеќе) да ги прават во креветот

1. Заводлив поглед

„Ние сме повеќе визуелни типови. Затоа и сакаме пози во кои можеме добро да видиме сè што се случува. Мојата сопруга веќе не ни чека да ѝ кажам која поза ми паднала на памет, таа однапред знае дека ги преферирам оние во кои можам да го видам целото нејзино тело.“ – Томислав (42)

2. Изненадете го

„Еднаш една девојка за време на летниот одмор ме одведе на скриена пуста плажа и ми овозможи моменти кои никогаш нема да ги заборавам. Не велам дека секогаш би требало да правите нешта поради кои би можеле да завршите во полиција, но ние мажите без сомнение ги сакаме сите видови изненадувања, сите оние нешта кои барем малку отстапуваат од стандардните рутини.“ – Златко (33)

3. Нахранете го неговото его

„Верувам дека не постои маж на кој не му се допаѓа кога жената го подлажува во таква ситуација. Јас на пример, обожавам кога за време на односот таа разговара со мене како да сум најдобар во секој поглед.“ – Иван (27)

4. Покажете му што сакате

„Отсекогаш сум сакал да прифаќам наредби. Обожавам кога девојката ќе ми покаже сè што ѝ се допаѓа, како и што сака да ѝ правам. Преземањето иницијатива е секси, а јас сум тука да ја задоволам во целост.“ – Марко (29)

5. Бидете гласни

„Верувале или не, мажите понекогаш се многу несигурни во креветот, дури и кога знаат што прават. Затоа ни е многу важно да имаме аудио потврда дека уживате. Тогаш знаеме дека навистина го правиме тоа што треба.“ – Јаков (39)

6. Одржувајте контакт со очите

„Обожавам кога ме гледа директно во очи, особено во клучните моменти. Има нешто неверојатно во нејзиниот израз на лицето и погледот, нешто што целосно ме возбудува.“ – Синиша (32)

7. Покажете ентузијазам

„Нема ништо полошо од целосно незаинтересирана партнерка. Вие работите, работите и работите, а од другата страна нема никаква соработка. Обожавам кога ќе забележам малку ентузијазам или барем кога ќе добијам некаков одговор на тоа што го правам, некаков вид одобрување, или што било друго.“ – Лазар (40)

8. Вклучете светло

„Жените отсекогаш се опседнувале со тоа дали добро ги отстраниле влакненцата на нозете, создаваат драма околу стомакот и општо целиот изглед, па го гасат светлото – но, забораваат дека нам воопшто не ни се важни тие работи. Ние едноставно сме возбудени за тоа што се случува меѓу нас и само сакаме да уживаме во целото тело на својата партнерка. Затоа нема ништо подобро од секс со вклучено светло.“ – Кристијан (35)

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар