Моќна техника: Што ќе се случи ако само неколку секунди дувате во вашиот палец?

Човечкото тело е неверојатна „машина“ за која постојано откриваме нови нешта. Така дознаваме и дека дувањето во сопствениот прст може да биде исклучително корисно. Продолжете со читање ако сакате да дознаете како функционира целиот овој процес.

Ако сте под стрес, и барате начин моментално да си го олесните притисокот што го чувствувате од сите страни, тогаш најбрзиот и најлесниот начин да го сторите тоа е ако почнете да дувате во сопствениот палец.

Имено оваа техника ја стимулира работата на вагусот, двата експанзивни живци во телото, од кои секој од нив се протегнува на спротивна страна од телото, тргајќи од мозочното ткиво кон вратот, па продолжувајќи кон градите и абдоменот. Со стимулирање на живците вагус се забавува работата на срцето, што пак подоцна го намалува чувството на стрес и ве смирува.

Палците не се ни во близина на овие два важни живци, но со помош на правилната техника може да се стимулираат. Сè што треба да направите е да го ставите палецот во уста (како бебе што го цица својот палец), да го стиснете со усните со цел да направите закон и потоа да почнете силно да дувате без да дозволите воздухот да излезе од вашата уста.

Оваа техника за дување во палецот создава зголемен притисок во абдоменот и градите, притоа стимулирајќи го вагусот на начин што го забавува срцето. Тоа се случува затоа што се обидувате да издишете низ блокирани дишни патишта.

Човечкиот палец е навистина моќен прст. Дознајте и што кажува неговата должина за вашиот љубовен живот!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар