Моќна техника од руски психолог: Ако некој започне кавга, еве како да ја избегнете

Ова е еден корисен совет од познатиот руски психолог Александар Свијаш, кој објаснува како да постапите ако вашиот партнер, пријател, колега, шеф или сосед започне кавга со вас, а вие сакате да ја избегнете. Притоа ова не вклучува физички напад, што секако би требало да се реши на друг начин.

mokjna-tehnika-od-ruski-psiholog-ako-nekoj-zapochne-kavga-eve-kako-da-ja-izbegnete-kafepauza.mk

Ова е едноставен, испробан метод, кој навистина дава резултати.

1. чекор

Запаметете – за кавга се потребни двајца. Кога некој ви се обраќа со кавгаџиски тон, останете смирени и според темата на кавгата накратко проанализирајте што е тоа што на таа личност всушност ѝ е навистина потребно (длабока причина), што ѝ недостасува, што очекува од вас, па заради тоа и започнала кавга.

Тоа што ја мачи може да биде недостаток на самодоверба, доверба, љубов, топлина и внимание, страв од нешто…

2. чекор

Тивко, во мислите дајте ѝ го на таа личност она што ѝ е потребно. За ова ќе ви треба доволно смиреност, силен карактер и толеранција.

Кажете си во себе: „Ти праќам разбирање (доверба, љубов, сигурност, оптимизам, те прифаќам таков/ва каков/ва што си…).“

Не одговарајте на провокациите од таа личност, однесувајте се нормално и повторувајте го повеќепати во мислите она што ѝ го испраќате.

Таа личност потсвесно ќе го прими вашиот подарок, ќе се смири за некое време (додека продолжува да ве провоцира и да вика) и ќе ве остави на мира.

Не очекувајте никаква благодарност, нека ви биде доволно тоа што ќе го добиете она што ви треба – таа личност ги добива добрите вибрации, а вие – вашиот мир.

Напомена: Оваа метода не се однесува и не треба да се применува во случаи на насилство и злоставување во семејството и односите со партнерот во кои е потребно веднаш и физички да се делува, а ако треба и законски со цел да си заминете од насилната личност.

Погледнете ја и техниката на Свијаш која ќе ви помогне да се изборите со секој страв кој го имате во себе


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. kopkit Reply

    Зошто кога полицаец поминува по мост, мостот се руши?

Остави коментар