Модни комбинации за на плажа кои ги надминаа костимите за капење

Модни комбинации за на плажа кои ги надминаа костимите за капење

Кога мисловно ќе ги споиме модата и плажата, првата работа која ни доаѓа на ум се костимите за капење. Кога станува збор за модните комбинации кога сме на летување пак, кафтаните и летните фустани го заземаат второто место.

Модни комбинации за на плажа кои ги надминаа костимите за капење

Сепак, прошетките покрај плажа на зајдисонце, прошетките по речниот брег или вечерите во рестораните покрај плажа се моменти кои ни овозможуваат да си поиграме со модните парчиња и да смислиме интересни летни комбинации.

1. Кроп топ и шарени панталони

Модни комбинации за на плажа кои ги надминаа костимите за капење

Едноставниот кроп топ и шарените панталони се комбинација која ќе направи да се чувствувате удобно, а во исто време модерно. Што се однесува до изборот на чевли, нема да згрешите доколку облечете патики. Летувањето е време кога смеете да ги рушите модните правила затоа што атмосферата на плажа е многу опуштена.

2. Комбинезон во земјени бои

Модни комбинации за на плажа кои ги надминаа костимите за капење

Со темниот тен одлично одговараат парчиња облека во земјени бои. Искомбинирајте кроп топ и кратки панталони со ист принт или одлучете се за комбинезон со карнери. Карнерите се одличен моден детаљ, но внимавајте како ги стилизирате. Доколку сте покрупни во горниот дел од телото, карнерите треба да ви бидат во долниот дел од телото и обратно. На овој начин ќе ја постигнете посакуваната пропорционалност. Што се однесува до чевлите, одберете рамни елегантни чевли или еспадрили.

3. Маичка и ленени панталони

Модни комбинации за на плажа кои ги надминаа костимите за капење

Доколку едвај чекате да облечете нешто удобно, со вас треба да понесете и пар ленени панталони. Високите панталони во комбинација со едноставна маичка ќе направат да изгледате одлично, а во исто време да се чувствувате многу пријатно. Изборот на чевли е едноставен – сандали или еспадрили, но слободно прошетајте и боси по плажата.

4. Комбинација со интересни аксесоари

Модни комбинации за на плажа кои ги надминаа костимите за капење

Кога сме на плажа, сакаме да изгледаме најлежерно што може. Но, не ги заборавајте и интересните аксесоари кои ќе ѝ дадат дополнителен шмек на секоја модна комбинација. Понесете ги со вас вашите омилени очила за сонце и големиот летен шешир.

5. Едноделен костим за капење и здолниште

Модни комбинации за на плажа кои ги надминаа костимите за капење

Дури и едноделниот костим за капење може да биде штосно модно парче доколку го искомбинирате со убаво здолниште и интересни сандали. Никој нема ни да забележи дека горниот дел од вашата комбинација не е боди, туку костим за капење. Оваа комбинација ќе ви дојде како кец на десетка доколку се случи непланирано ноќно капење.

6. Едноделен костим за капење и кимоно

Модни комбинации за на плажа кои ги надминаа костимите за капење

Да, едноделниот костим за капење можете да го искомбинирате и со кимоно во впечатлива боја и со вашите омилени кратки панталони. Со ваква шик и бохо комбинација, спремни сте за долга прошетка покрај плажа.

Погледнете ги и овие модни комбинации во кои ќе изгледате како да сте излегле од модна писта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар