Модна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинации

Есента не им е омилено годишно време на многумина, но нуди голем број можности за да создадете интересни, модерни и слоевити комбинации. Овие 6 комбинации се совршени за дами кои зачекориле во 50-тите години од животот.

Црвено-сивата комбинација е секогаш полн погодок. Бидејќи панталоните се доволно впечатливи, црната кошула е одличен избор. Овие капи стануваат сè повеќе популарни, па ако немате, набавете барем една.

Модна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинации

Ако сакате здолништа и поженствен изглед, оваа комбинација е совршена за вас. Чизмите кои потсетуваат на мартинки ја „разигруваат“ оваа комбинација на вистински начин, а ременот со интересен принт ја зачинува целата модна приказна.

Модна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинации

Костумот е секогаш добар избор, а овој дезен моментално е водечки.

Модна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинации

Температурите сè уште ни дозволуваат да носиме пократки парчиња облека, а комбинацијата на бермуди и високи чизми изгледа навистина интересно.

Модна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинации

Предимензионалните палта се апсолутен хит. За да внесете ведрина во сивите есенски денови, слободно комбинирајте разни бои. Комбинацијата на виолетова и тиркизна боја е одлична идеја.

Модна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинации

Кожата не го напушта модниот трон ниту оваа сезона. Панталоните од овој материјал се задолжителни во гардеробата на секоја жена. Ако ги носите, доволно е да ги комбинирате со обичен бел џемпер и ќе изгледате феноменално.

Модна инспирација за жените во 50-тите години: 6 непогрешливи есенски комбинации

Погледнете какви тонови ќе преовладуваат оваа есен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар