Мал моден водич: Како да ги изберете идеалните црни пантолони според вашата градба на тело?

Мал моден водич: Како да ги изберете идеалните црни пантолони според вашата градба на тело?

Црните пантолони се задолжително парче облека во сечиј гардеробер! Меѓутоа, многу е важно на кој начин ќе ги носите и каков модел ќе изберете. Само за вас составивме мал моден водич, кој ќе ви помогне да изберете црни пантолони според вашата градба на тело кои ќе ви стојат беспрекорно.

1. Доколку сте високи

Покажете ги своите нозе во лесни, црни пантолони со широки ногавици. Тесниот горен дел ќе ги истакне вашите колкови, додека ногавиците кои постепено се шират ќе ја нагласат должината на вашите нозе. Можете да ги носите каде било, но најсоодветни се за работното место, бидејќи се елегантни, а истовремено и лежерни. Кога сте високи, можете да ги носите со ролки, широк ровер или полни ракави.

2-mal-moden-vodich-kako-da-gi-izberete-idealnite-crni-pantaloni-spored-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

2. Доколку сте со пониска висина

Кроп пантолоните, чии ногавици се исечени над зглобовите – нема да ја нагласуваат вашата висина, па дури ќе направат и да изгледате повисоко. Вертикалните набори на предната страна ќе направат вашите нозе да изгледате подолго. Исто така, би требало да избирате црни пантолони од материјал кој визуелно ќе ги направи вашите нозе повисоки и подолги.

3-mal-moden-vodich-kako-da-gi-izberete-idealnite-crni-pantaloni-spored-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

3. Доколку имате широки колкови и бутови

За вашата градба најдобри се пантолоните кои рамно паѓаат од вашата најширока точка на боковите, па рамно надолу. Тоа ќе направи вашите облини да изгледаат помали. Пантолоните со малку пошироки ногавици, кои можете да ги носите преку чизмите, немаат голем ефект, но се добар избор.

4-mal-moden-vodich-kako-da-gi-izberete-idealnite-crni-pantaloni-spored-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

4. Доколку имате облини

Ако имате прекумерна тежина, тогаш за вас се создадени пантолоните со широки ногавици – се лизгаат преку облините, визуелно го прават струкот потесен, а нозете подолги. Драматичната силуета на пантолоните може да го направат и најобичниот горен дел да изгледа модерно.

5-mal-moden-vodich-kako-da-gi-izberete-idealnite-crni-pantaloni-spored-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

5. Доколку имате стомаче

Класичните рамни црни пантолони, одлично ќе се сложуваат со сè што имате во вашиот гардеробер, а рамниот преден дизајн соодветно ќе се вклопи со струкот, што претставува одлична потпора на средишниот дел на телото – стомакот. Избегнувајте фалти и широки пантолони, бидејќи тие ќе го насочат вниманието токму на најпроблематичниот дел од вашето тело.

6. Доколку сте со облини и со стомаче

Не премногу тесни пантолони се одлични, бидејќи ќе ги сокријат вашите облини и ќе израмнат сè што не ви се допаѓа, особено во пределот на стомакот и бутовите. Избирајте памучни и пантолони од полиамид. Можете да ги носите навечер со некој интересна блуза или пак можете да ги комбинирате со џемпер за работна комбинација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар