Љубовта дешифрирана преку говорот на телото

Говорот на телото открива повеќе од илјада зборови, и што е уште поважно, никогаш не лаже. Стручњаците утврдиле неколку знаци кои се сигурен доказ за приврзаност и љубов.

ljubovta-deshifrirana-preku-govorot-na-teloto-kafepauza.mk

Постојани допири – Не мора да траат долго, бидејќи нашиот мозок дури и попатната прегратка или благите допири по грбот или рамењата ги регистрира како приврзаност. Допирите имаат значително повеќе моќ од зборовите, а особено ни се чувствителни врвовите на прстите.

Имитирање на партнерот – Кога некој ни се допаѓа потсвесно почнуваме да се однесуваме како него. Така на пример ако тој/таа го стави прстот на чело, и ние го правиме истото. По ова сме слични со животните бидејќи истото однесување е забележано и кај нив во текот на додворувањето.

Контакт со очите – Во вообичаени околности двете страни после 3 секунди ќе сакаат да го тргнат погледот настрана. Уште помалку време ни треба кога некој ни е антипатичен или не се сложуваме со неговите ставови. Но, кога некој ни се допаѓа, сѐ подолго ќе гледаме во него, а за тоа не сме ни свесни.

Физичка близина – Кога се заљубени, луѓето не можат да поднесат физичка раздвоеност, па секој слободен момент го користат да бидат во близина на својот партнер. Ако баш мораат да седат еден наспроти друг, стапалата или колената ќе им бидат насочени кон саканиот.

Помек глас – Кога некој ни се допаѓа инстинктивно почнуваме да зборуваме со помек глас кој сугерира отвореност и добронамерност. Важен е и тонот, па често поважно е на кој начин нешто кажуваме одошто самото тоа што го кажуваме. Антрополозите велат дека луѓето се природно талентирани да „читаат“ гласови и кога ќе почувствуваат разлика помеѓу зборовите и тонот, несвесно попрво ќе поверуваат во невербалните знаци одошто во зборовите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар