Љубовни грешки кои дури и најинтелигентни жени ги прават

Постојат одредени постапки и чекори во љубовниот однос на кои не е имуна ниту една жена, без разлика колку е паметна, мудра или силна. Во продолжение ги издвојуваме најчестите грешки во љубовта кои дури и најинтелигентните дами ги прават…

Љубовни грешки кои дури и најинтелигентни жени ги прават

1. Не веруваат во првиот впечаток кој мажот ќе им го остави

Експертите за вербална и невербална комуникација велат дека токму моментот на запознавање ни овозможува да ја почувствуваме вистинската личност зад маската на мажот кој го гледаме пред нас. Тоа се случува бидејќи не постои никаква емоционална поврзаност. Доколку веднаш почувствувате „вибрации“ поради кои се чувствувате пријатно или непријатно, тогаш ќе имате добар знак за насоката кон која ќе се движи вашата врска во иднина.

2. Премалку се фокусираат на себеси во љубовниот однос

Кога знаете кои сте и се сакате самите себеси какви што навистина сте, тогаш нема да имате потреба од мажите да барате потврда за својата вредност и способност. Немојте да ги заборавате своите интереси, цели и желби кога сте во љубовна врска. Секогаш наоѓајте време да се посветите себеси бидејќи тоа е единствениот начин да бидете подобра личност, а на крајот на денот и подобра и позадоволна партнерка.

3. Не ги поставуваат на време важните прашања

На почетокот од врската, голем дел од паровите не сакаат да разговараат за сериозни теми поврзани со иднината, ниту пак да расправаат дали сакаат еден ден да стапат во брак или да имаат деца. Но, ако имате одредени желби и цели, а забележите дека вашиот нов партнер не ја дели истата визија за вашиот иден живот, тогаш потребно е без страв да се отворите пред него и искрено да разговарате. Комуникацијата е најдобриот начин да се одржи долготрајна љубовна врска.

4. Остануваат во врски кои не водат никаде

Скоро и да не постои жена која не го доживеала тоа. Тие знаат дека партнерот не е мажот со кој сакаат да бидат во иднина, но сепак не ставаат крај на врската. Понекогаш тоа се случува затоа што не сакаат да се чувствуваат осамено или пак, едноставно затоа што веќе поминале многу време со оваа личност па не се сигурни како да продолжат понатаму сами. Во секој случај, со изборот да останете во врска која не ви одговара не правите никому услуга, баш напротив.

5. Дозволуваат „пеперутките“ во стомакот да ги заслепат

Кога ќе запознаат шармантен маж кој ќе ги собори од нозе, жените понекогаш брзо се заљубуваат во самата идеја за љубовта. На тој начин и забораваат дека долготрајната врска има повеќе почит отколку хемија, привлечност и страст. Откако пеперутките во стомакот ќе си заминат, вие треба да имате и други вредни причини за да можете да ги градите темелите на љубовниот однос.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар