Љубезни начини како да прекинете непријатен разговор

Доколку сте воспитани со добри манири и поседувате доза на пристојност, понекогаш може да ви паѓа тешко да прекинете разговор, а притоа другата личност да не помисли дека сте некултурни. Благодарение на нашите експерти, ќе ви кажеме како да се извлечете следниот пат кога ќе почувствувате дека сте „во стапица“.

Љубезни начини како да прекинете непријатен разговор

Вклучете некој друг во разговорот

Ова не значи дека треба да го грабнете вашиот пријател и да го жртвувате со цел вие да го напуштите разговорот. Можете да го запознаете соговорникот со личност со заеднички интереси и да се надевате дека тие повеќе ќе се согласуваат. Според експертот Џоди Смит, „наједноставниот начин да напуштите разговор со некој што го монополизира вашето време додека сте на забава е да вклучите и трето лице“. По краткиот вовед, ќе бидете во можност да се оправдате и да заминете.

Кажете ѝ на личноста дека уживавте разговарајќи со неа

Ако вашиот познаник не изгледа како да ги добива сигналите дека сакате да завршите, тогаш може да ја употребите следнава фраза: „Даниел, ќе мора да ме извиниш, мислам дека видов еден пријател/колега/другар. Мило ми беше што те сретнав и што имавме можност да поразговараме.“ Слушајќи ги овие зборови, секој би се почувствувал ценето и почитувано. Доволно е само да имате добри манири.

Извинете се

Важно е да запомните дека вашето време ви припаѓа вам, а не на некој кој би сакал да доминира со разговорот над вас. Одберете го моментот на тишина, и извинете се дека одите во тоалет или дека сакате да се видите со домаќинот, ако сметате дека треба да се оправдате. Внимавајте, откако ќе го напуштите разговорот направете го токму тоа што сте рекле дека ќе го сторите.

Преминете на главното

Кога сакате да го забрзате разговорот за да дојде до самиот крај, прашајте, „и како заврши тоа “ или „што беше исходот од целата ситуација“. Почекајте кога разговорот природно ќе дојде до некоја пауза, без да звучите иритирано. Оваа тактика ќе ви помогне да ја скратите секоја анегдота, на која никако не ѝ доаѓа долгоочекуваниот крај. Ова е добар начин да му дадете до знаење на соговорникот дека се интересирате за неговата приказна.

Дадете му задача на соговорникот

Ако разговарате со некоја личност на забава или бизнис средба, секогаш можете да предложите некоја идеја или активност од типот: „Ги проба ли закуските“ или „Ги виде ли скалите во салата за танцување долу? Јас штотуку бев и мислам дека треба да се симнеш да ги видиш“. Овој метод на завршување на разговор најмногу функционира на интерактивни настани со бројни реквизити, како на пример свадби или конференции.

На состаноци помеѓу фирми, понудете ја вашата визит-карта

Барањето визит-карта од соговорникот понекогаш може да биде добар начин да се заврши разговорот. Како алтернатива пак, можете да ја понудите вашата, што е најчест знак дека се затвора темата. Доколку соговорникот нема визит-карта, прашајте го за профил на некоја од социјалните мрежи, како Линкдин. Како и да е, кога ќе му кажете некому дека ви причинило задоволство што сте се виделе тоа е сигурен начин да се биде љубезен. Кога заминувате секогаш ракувајте се за поздрав и бидете насмеани.

Можеби често имате проблем да започнете разговор со некој? Погледнете го ова правило од 3 секунди за започнување разговор што ќе ви го промени животот.

Автор: Весна Куковска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар