Летно освежување: Лесен рецепт за сладолед со вкус на ванила

Денес споделуваме еден многу лесен рецепт за сладолед со вкус на ванила во кој можете да додадете овошје по избор.

Летно освежување: Лесен рецепт за сладолед со вкус на ванила

Потребни состојки:

  • 1/2 литар млеко
  • 80 г маргарин
  • 3 јајца
  • 20 г брашно
  • 220 г шеќер

Начин на подготовка:

  • Гответе го млекото заедно со маргаринот и 20 г шеќер.
  • Во друг сад изматете ги жолчките со 60 г шеќер и 20 г брашно, па полека додавајте ја смесата во зовриеното млеко.
  • Додајте екстракт од ванила и чоколадо или овошје.
  • Кога ќе се олади, изматете ги белките во цврст шлаг со 140 г шеќер и додајте ги во добиениот сладолед.
  • Оставете да отстои во фрижидер, а потоа уживајте.

Пробајте го и овој рецепт за домашен сладолед од чоколадо без јајца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар