Летен десерт од 5 состојки за кој не ви треба рерната

Достојна замена за сладоледот, рецепт познат во разни делови од светот

desert-od-5-sostojki-za-koj-ne-vi-treba-rernata-kafepauza.mk

Англичаните го викаат floating island (пловечки остров), Французите les œufs à la neige (снежни јајца), Германците Schnee-Eier (исто така снежни јајца), а Полјаците zupa nic (птичјо млеко). Ова е вкусен десерт идеален за топлите летни денови кога рерната ни е најголем непријател.

Потребни состојки:
  • 3 жолчки
  • 4 лажици шеќер
  • ½ литар млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 5 белки
  • Неколку бисквити
Начин на подготовка:
  1. Жолчките и 2 лажици шеќер измиксајте ги додека не добиете густа смеса. Млекото ставете го во тенџере со 2 лажици шеќер во кое претходно сте го додале ванилинот шеќер. Оставете млекото да зоврие.
  2. Направете шлаг од белките. Бисквитите искршете ги во голем стаклен сад.
  3. Со лажица одвојувајте го шлагот од белки и накратко ставајте ги деловите во врелото млеко. Топките шлаг после минута свртете ги на другата страна додека не се зголемат и потоа одма поставете ги на бисквитите.
  4. Смесата со жолчките и шеќерот додадете ја во преостанатото млеко непрекинато мешајќи додека не се згусне. Прелијте со неа преку топките шлаг и ставете ги во ладилникот на 3 часа.
  5. На крајот по желба можете да додадете рендано чоколадо, а за поинтензивен вкус и неколку капки рум.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар