Легнете на страна и капнете хидроген во затнатото уво: За 5 минути ќе почувствувате олеснување!

Многу често се случува да почувствуваме дека ушите ни се затнати, што може да е знак дека треба да се исчистат од создадените масни наслаги, а процедурата можете и сами да ја сторите дома. Се смета дека човечките уши се орган којшто сам си се чисти. За време на џвакање, кивање, кашлање, напластените масни наслаги од нечистотијата сами се елиминираат.

(1) Легнете на страна и капнете хидроген во затнатото уво: за 5 минути ќе почувствувате олеснување

Но, понекогаш се случува наслагите, коишто се акумулирале во ушниот канал, да се претворат во „чепови“ кои ги затнуваат ушите. Во таквите случаи неопходно е да се исчистат. Наједноставното и најдостапно средство за испирање на ушите и отстранување на „чеповите“ е хидрогенот. Се препорачува да го примените веднаш, откако ќе почувствувате непријатното чувство во ушите.

(2) Легнете на страна и капнете хидроген во затнатото уво: за 5 минути ќе почувствувате олеснување

Она што треба да го сторите е следното: Користејќи пипета, капнете 4-5 капки од 3-процентен хидроген во увото. Треба да ја навалите главата, или подобро да легнете и да останете во оваа положба околу 5 минути. Ќе почувствувате карактеристично шушкање во увото, што значи дека дошло до реакција и „чепот“ почнал да омекнува. Потоа, пребришете го увото со хартиено марамче, а она што треба да се нагласи е да не користите стапчиња за уши за време на процесот, затоа што вообичаено хидрогенот самиот го совладува проблемот со отстранување на наслагите во ушите. Доколку по првиот пат не почувствувате значително олеснување, повторете ја истата постапка уште еднаш по неколку часа. Тоа може да го повторите и следниот ден.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар