Креативни начини да ги носите летните парчиња во зима

Во денешно време ретко кој има можност да купува сезонска облека. Но, на наша среќа, голем дел од облеката не е наменета само за во лето. Лелеавите фустанчиња и здолништа со мали модификации можат да се носат и во зима. А клучот се состои во комбинаториката.

1. Шорц

Зимските шорцеви се едно од најинтересните парчиња кога станува збор за балансирање на изгледот. Најдобри се со тешки материјали како волна, скај или фармерки, но и со нивната спротивност како свила, шифон или тантела. Одлично изгледаат врз темни, непроѕирни хеланки, чизми до глужд и блуза со отворена мото јакна. Ако ги носите со тие од полесни материјали додадете дебел џемпер или фармерска кошула пикната пола навнатре. Ако се од потешки материјали тогаш блуза со широк крој или блуза-боди.

11-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk2-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk 3-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk

2. Летен фустан

Ова и не е толку тешко за стилизирање. Може да се носи со кошула или џемпер или со некое интересно палто. Во зимскиот период добро одговара со дебели хулахопки и чизми.

4-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk 5-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk 6-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk

3. Комбинезон

Ова е едно од парчињата кое со соодветен стајлинг може да се носи во која било сезона. Супер изгледаат над хулахопки и со сако. Друга комбинација е да ги носите како блуза и да додадете миди здолниште. Вака, додавате слоеви и изгледате модерно. Ем слатко, ем топло.

7-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk 8-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk 9-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk

4. Макси фустан

Исто како со кратките фустани, возможно е и макси фустаните да ги претворите во парчиња за зима. Добро изгледаат со тесна блуза или џемпер врз фустанот, а потоа врзете ја едната страна така што ќе добиете асиметрична должина која нема да изгледа толку „тешко“ на нозете поради хулахопките. Финиширајте го изгледот со парче накит кое привлекува внимание.

10-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk 11-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk 12-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk

5. Здолниште

Белата боја особено изгледа убаво во зима. Иако летните здолништа се од лесни материјали кога ќе ги балансирате со долг, тесен фустан со долги ракави ќе добиете малку во должина и понежен изглед.

13-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk 14-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk 15-kako-da-gi-nosite-letnite-parcinja-vo-zima-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар