Кратки животни лекции што кога-тогаш мора да ги научите

Кратки животни лекции што кога-тогаш мора да ги научите

Секој период од нашиот живот носи свој личен печат. Како што растеме и се развиваме, така ги менуваме нашите желби, потреби и мислења, а сето тоа придонесува да станеме помудри и поисполнети личности. Некои животни лекции е многу подобро да ги усвоиме што е можно порано, но и доколку малку задоцниме нема да погрешиме. Овие лекции се доста важни за среќен и исполнет живот, а вие обидете се да ги научите уште денес.

1-kratki-zhivotni-lekcii-koi-morate-da-gi-nauchite-vo-koja-bilo-zhivotna-doba-www.kafepauza.mk_

1. Никогаш не извинувајте се за она што сте.

2. Никому не му должите објаснување.

3. Грижата за себе не е себичност. Секогаш наоѓајте време за себе, бидејќи го заслужувате тоа.

4. Одвреме-навреме наоѓајте начини самите да си се насмеете. Сите правиме грешки, така растеме.

5. Не плашете се да испробате нешто ново.

6. Секогаш бидете љубезни.

7. Вие сте човек, и без разлика кои чувства ги имате, покажете ги. Не дозволувајте некој друг да ви ги попречува.

8. Не заслужува секој да му простите. Но, подобро е да сте мирни со себе.

9. Научете да го прифатите извинувањето кое никогаш не сте го добиле.

10. Понекогаш, сѐ што е потребно е време. Подарете си го тоа време.

11. Истражете кои сте и никогаш не престанувајте да учите за себе.

2-kratki-zhivotni-lekcii-koi-morate-da-gi-nauchite-vo-koja-bilo-zhivotna-doba-www.kafepauza.mk_

12. Сосема е во ред да ги менувате вашите мислења.

13. Свежиот воздух ќе дојде, а тоа нездраво место во кое се наоѓате нема да трае засекогаш.

14. Редовно кажувајте им на луѓето што ги сакате колку ги сакате.

15. Живејте го животот како што сакате, а не како што другите ви велат да го живеете.

16. Во ред е понекогаш да кажете и „Не“.

17. Пријателствата се распаѓаат, луѓето растат и си заминуваат, простете си себеси заради тоа.

18. Не се држете цврсто за работите што сте ги изгубиле! Пуштете ги пропаднатите пријателства, љубовни врски, односи, кариери… и подоцна ќе бидете благодарни.

19. Опростете си што сѐ уште не сте го постигнале она што сте мислеле дека ќе го постигнете. Сѐ ќе пристигне кога ќе дојде најдоброто време за тоа, а до тогаш опуштете се и верувајте во животот.

20. Бидете горди на себе. Горди на тоа кои сте и на тоа што ќе го постигнете. Мали или големи победи, бидете горди на сето тоа и славете го животот.

21. Кога ќе ви биде тешко, само застанете и размислите дали сето она за кое се нервирате ќе ви биде важно за 3 недели, 3 месеци или 3 години? Освестете се дека секогаш има светло на крајот од тунелот.

Ви предлагаме да погледнете кои тешки животни лекции нè прават посилни личности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар