Колку разликите во привлечноста меѓу партнерите влијаат во љубовната врска?

Колку разликите во привлечноста меѓу партнерите влијаат во љубовната врска?

Во доцните 90-ти познатиот „рецепт“ за добра комедија вклучуваше просечен маж со добра смисла за хумор и привлечна жена. Примери за тоа се: „Кралот на Квинс“ (The King of Queens), „Сите го сакаат Рејмонд“ (Everybody loves Raymond), и „Како ќе каже Џим“ (According to Jim). Сите овие серии главно се концентрираа на комуникацијата меѓу партнерите, но, очигледната разлика во привлечноста меѓу двата партнери беше на некој начин игнорирана.

Колку разликите во привлечноста меѓу двата партнери се важни? Како тие влијаат на комуникацијата во љубовната врска? Ова е голема и опширна тема на која може многу да се дискутира. Проф. д-р Шон М. Хорен од Универзитетот Депол во Чикаго теоретски ја разработува оваа тема, поткрепен од некои истражувања.

„Кога би ве прашал да се оцените себеси според физичката привлечност на скала од 1 до 10, при што 1 е непривлечен а 10 многу привлечен, сите вие горе-долу би знаеле каде припаѓате.“

Колку разликите во привлечноста меѓу партнерите влијаат во љубовната врска?

Ова ја поткрепува хипотезата за спојување на Валстер, која воглавно тврди дека бираме партнери од нашиот ранг, или, со едноставни зборови, кај нашите партнери бараме сличности во физичката привлечност. Сепак, горенаведените примери на познатите комедии од 90-тите го покажуваат спротивното. Разликите во привлечноста може да влијаат на многу полиња во една романтична врска, но големото прашање е како влијаат и колкаво е тоа влијание.

Хорен го групира влијанието на разликите во привлечноста во две групи: несовпаѓање во привлечноста меѓу двата партнери и моќта на зависноста.

Несовпаѓање во привлечноста меѓу двата партнери е кога еден од партнерите мисли дека постои очигледна разлика во привлечноста меѓу нив двајца, односно мисли дека неговиот партнер има повисока или пониска вредност од него/неа. Кога некој го гледа својот партнер како „повреден“ според тоа што има да го понуди (физичка привлечност, статус и сл.), има тенденција да биде љубоморен но и да простува лесно. Ова се должи на разликите меѓу двата партнери и стравот од загуба на партнерот кој другиот партнер го гледа како попривлечен.

Моќта на зависноста е кога еден од партнерите мисли дека другиот партнер има и други опции така што себеси се гледа како некој кој лесно би бил заменет. Партнерот кој себеси се гледа како помалку привлечен ќе мисли дека неговиот партнер е помалку посветен на нивната врска бидејќи има и други алтернативи, односно не е зависен од него. Ова е поткрепено од друго истражување кое тврди дека овие партнери не комуницираат отворено за своите проблеми. Партнерот кој себеси се гледа како помалку привлечен ќе ги задржи нештата што го мачат и ќе премолчи некои проблеми. Со други зборови тој се гледа како зависен од својот партнер поради тоа што неговиот партнер има повеќе опции.

Нашата перцепција за физичката привлечност е многу важна и ова не може да се одрече. Едно истражување со кое се потврдило дека малите деца гледаат подолго во сликите на кои се прикажани привлечни и убави луѓе докажува дека уште како мали сме свикнале и сме се програмирале да ги вреднуваме физичките карактеристики и надворешниот изглед. Сепак, не мора да значи дека партнерите меѓу кои има очигледна разлика во физичката привлечност не можат да имаат здрава и долга љубовна врска.

Во очите на другите, на пример, таа е прекрасна и навидум недостижна за нејзиниот партнер, па често би слушнале нешто како „што бара таа со него“. Вистината е дека многу други интимни фактори играат голема улога. Доколку тој ѝ пружа љубов, почит и заштита, она што неа ѝ е најпотребно, разликите во привлечноста и нема да играат голема улога.

Сепак, оваа тема останува дискутабилна и воглавно е многу субјективна, така што, не може да се донесе еден краен заклучок кој би важел за секого.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар