Колачиња во форма на крофни со глазура

Колачиња во форма на крофни со глазура

Нема да можете да престанете сè дур не ги изедете сите

Колачиња во форма на крофни со глазура

Потребни состојки за 24 колачиња:
  • 360 грама брашно за сите намени
  • 220 грама несолен путер, на собна температура
  • 200 грама + 120 грама шеќер
  • 1 големо јајце
  • 3 лажици слатка павлака
  • 1 лажичка + 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • 1 3/4 лажичка прашок за печиво
  • 3/4 лажичка мелен цимет
  • 1/2 лажичка свежо смелено морско оревче
  • 3 капки црвена боја за храна (по желба)
Начин на подготовка:

Во сад со средна големина, измешајте 200 грама брашно со прашок за печиво, цимет, морско оревче и сол. Во друг сад, ставете ги путерот и шеќерот и матете со електричен миксер околу 4 минути, односно сè додека не добиете лесна и пенлива смеса. Додајте го јајцето заедно со 1 лажичка ванила и мешајте додека не се соединат.

Додајте ја мешавината со брашното во мешавината со путерот и мешајте додека не се комбинираат. Потоа затворете го садот со пластична обвивка и оставете го во фрижидер околу 1 час. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и поставете хартија за печење на тава.

Измесете го тестото на рамна површина со малку брашно, а кога ќе биде подготвено, поделете го на 24 еднакви парчиња. Од нив направете кругови што потоа ќе ги сплескате, па со кружен калап отстранете им ја средината за да наликуваат на мини крофнички.

Ставете ги колачињата на однапред подготвената тава (најверојатно ќе треба да ги печете во две тури) и печете во рерна околу 12-15 минути, односно сè додека не станат златни. Потоа извадете ги и оставете ги да се оладат, а во меѓувреме подгответе ја глазурата.

Во сад со средна големина ставете 120 грама шеќер, 1/2 лажичка ванила и слатката павлака. Додајте повеќе слатка павлака ако смесата по мешањето ви излегува течна. Ако користите боја за храна, додајте ја и неа за да добиете розова боја.

Едно по едно, потопувајте ги колачињата со лицето во глазурата. Потоа отстранете го вишокот од страните и оставете ги да се стврднат. Ако сакате да ги напрскате со чоколадни или разнобојни трошки, направете го тоа пред да се стврдне глазурата.

Без пржење: Погледнете го и најлесниот и најздравиот рецепт за крофни!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар