Колачиња со чоколади и бадеми на кои е тешко да им одолеете

Домашни колачиња од бадеми и чоколади со мала количина шеќер

Потребни состојки:
  • 200 грама брашно
  • 1 кафена лажичка прашок за печиво
  • 1/4 кафена лажичка сол
  • 125 грама путер
  • 80 грама кафеав шеќер
  • 80 грама бел шеќер
  • 1 јајце
  • 200 грама црна чоколада
  • 100 грама сирови бадеми
Начин на подготовка:

Вклучете ја рерната на 180 степени. Додека се загрее, почнете да ја подготвувате смесата за колачињата. Иситнете ги грубо, со нож, чоколадото и бадемите. Направете го тоа одвоено, па потоа спојте ги.

Во сад со средна големина сипете брашно и прашок за печиво, измешајте, па додајте и сол. Путерот стопете го на тивок оган, па префрлете го друг сад, односно онаму каде што ќе го правите тестото. Додајте ги двете видови шеќер и соединете ги состојките со миксер. Потоа додајте ги и јајцата и добро изматете. Следната состојка е брашното. Додајте го во садот, па матете додека не се соединат сите состојки. На крај додајте ги и чоколадото и бадемите.

Смесата распоредете ја во тава на која претходно ќе ставите хартија за печење. Можете да користите и обична лажица или лажица за сладолед како мерка. Внимавајте само да оставите доволно простор меѓу колачињата за да не се спојат. Кога ќе ги наредите, ставете ги во рерната и печете 10-13 минути. Прилагодете го времето според вашата рерна. Колачињата се готови кога ќе добијат боја по рабовите. Оставете ги да се подоладат и потоа послужете ги.

Пробајте ги и овие домашни и здрави енергетски колачиња за оние кои се на диета!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар