Кој модел на тексас шорцеви одговара на вашата градба на тело?

Пролетта, а наскоро и летото, се одлично време за носење бермуди и тексас шорцеви. Тие може да се комбинираат на најразлични начини, но исто така остануваат главен тренд од сезона во сезона. Но сепак, дали знаевте дека секој модел одговара на посебен тип градба на тело? Ако не сте знаеле досега, тогаш задолжително прочитајте го овој водич и одредете кои се идеалните за вас.

1-celosen-vodich-koj-model-na-bermudi-teksas-shorcevi-odgovara-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

1. Тело со облик на јаболка

Доколку имате заоблени рамена и силни нозе, за вас се идеални бермудите со исечени рабови. Тие ќе го формираат вашето тело на вистинскиот начин. Само водете сметка да изберете благо широк модел, а не премногу тесен.

2-celosen-vodich-koj-model-na-bermudi-teksas-shorcevi-odgovara-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

2. Ниска и ситна градба

На ниските и ситни жени најдобро им стојат бели бермуди со подвиен раб, бидејќи прават нозете да им изгледаат многу подолги. Тие лесно се вклопуваат со разни стилови, а исто така би требало да бидат и тесни.

3-celosen-vodich-koj-model-na-bermudi-teksas-shorcevi-odgovara-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

3. Подолго торзо

Бермудите со подвиткан раб кои се благо искинати ќе го привлечат вниманието кон нозете и ќе го скратат предолгото торзо. Ако се одлучите за сандали со каиши ќе го постигнете баш оној посакуван ефект, односно целата ваша фигура ќе изгледа сјајно.

3-celosen-vodich-koj-model-na-bermudi-teksas-shorcevi-odgovara-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

4. Висока и слаба градба

Имате идеална градба за бермуди и тоа за оние до колена. Носете што потесни модели, без разлика дали станува збор за искинати или регуларни фармерки.

5-celosen-vodich-koj-model-na-bermudi-teksas-shorcevi-odgovara-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

5. Атлетска граба на телото

Вашето затегнато тело, особено нозете, сигурни сме дека ќе сакате да ги покажувате со гордост, па би било добро да изберете пократки модели со превиткан раб. На тој начин ќе го насочите вниманието кон вашите мускули кои нема да поминат незабележани.

6-celosen-vodich-koj-model-na-bermudi-teksas-shorcevi-odgovara-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

6. Поголемо стомаче

Ако имате стомаче кое сакате да го прикриете, а обожавате кратки модели на блузи, тогаш идеално е да облечете бермуди со висок струк и тоа што пошироки. Доколку се искинати на крајот, тогаш сè останато ќе изгледа одлично на вас.

7-celosen-vodich-koj-model-na-bermudi-teksas-shorcevi-odgovara-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

7. Долги нозе, кратко торзо

Доколку спаѓате помеѓу среќниците со долги нозе, класичните модели на бермуди со хоризонтални или вертикални шари ќе направат вашите нозе да изгледаат потполно неодоливо.

8-celosen-vodich-koj-model-na-bermudi-teksas-shorcevi-odgovara-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

8. Долги нозе, долго торзо

Покажете ја вашата манекенска градба со помош на кратките бермуди. Искинатиот и избледен тексас ќе го привлече целото внимание кон вашите долги и витки нозе. Доколку на горниот дел носите блејзер, тогаш ќе изгледате навистина одлично.

9-celosen-vodich-koj-model-na-bermudi-teksas-shorcevi-odgovara-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

9. Тело со облик на круша

Доколку вашите колкови се посилни од останатите делови, кратките бермуди од кои излегуваат џебовите се идеалното решение. Искинатите или подвитканите бермуди ќе дадат илузија дека вашите нозе се подолги, а џебовите ќе го оттргнат вниманието од вашите колкови. Доколку вклопите и кошула, исто така ќе го оттргнете вниманието од вашите колкови на тенката половина.

10-celosen-vodich-koj-model-na-bermudi-teksas-shorcevi-odgovara-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

10. Витка градба со мали облини

Вие одлично можете да експериментирате кога се во прашање моделите и должината на бермудите. Изберете ги оние со необичен принт за да ги истакнете вашите облини.

11-celosen-vodich-koj-model-na-bermudi-teksas-shorcevi-odgovara-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_

11. Тело со облик на песочен часовник

Бидејќи вашиот струк е премногу тесен, а колковите широки, изберете искинати фармерки кој ќе го насочат вниманието на вашиот најдобар дел од телото. Нека блузата биде вклопена, на тој начин што каишот ќе се гледа, а секако вашите нозе нека бидат во прв план. Можеби ќе треба некои бермуди да ги исечете, а некои да ги порабите. Најважно е во секој момент да го истакнете она што е најубаво на вас.

12-celosen-vodich-koj-model-na-bermudi-teksas-shorcevi-odgovara-na-vashata-gradba-na-telo-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар