Кој елемент е неопходен за заштита на организмот од болести после 30-тата година?

Кој елемент е неопходен за заштита на организмот од болести после 30-тата година?

Организмот е подложен на многубројни процеси кои се случуваат во него. За да може правилно да функционира, потребни му се сите елементи и додатоци кои ги внесуваме преку исхраната, но и преку дополнителните суплементи. Недостатокот на одредени елементи го нарушува нормалното функционирање на организмот. Како последица на тој недостаток во најлош случај можат да се развијат одредени болести.

Селенот за организмот е неопходен олигоелемент и силен антиоксиданс. Ги штити клетките од оксидација, односно спречува прерано стареење на кожата, мускулите и мозокот. Тој делува и во превенција на кардиоваскуларните болести и го зајакнува имунитетот, а во црниот дроб поттикнува исфрлање на одредени токсини. Според некои истражувања, селенот би можел да ја намали опасноста од гастроинтестинален рак и рак на простатата. Студиите покажале дека селенот позитивно влијае на плодноста кај мажите. Имено, недостатокот на селен поврзан е со намалена подвижност на сперматозоидите кај некои животни. Додека кај човекот ова уште не е целосно докажано.

Човечкиот организам не произведува селен и затоа е потребно да се внесува преку правилна исхрана. Храната богата со протеини изобилува со селен. За да го внесете во доволна количина главни производи што треба да ги консумирате се: морски плодови, риба (туна), телешко месо, јајца, црвено месо и житарици.

До недостаток на селенот во организмот најчесто доаѓа поради исхрана сиромашна со протеини, како и поради недоволното консумирање риби и житарици. На нивото на селен во организмот влијае и возраста на човекот и неговата здравствена состојба. Тешко е да се утврди кога настапува недостатокот на селен бидејќи не постојат некои видливи симптоми.

На недостаток на селен најподложни се луѓето што пушат, што се изложени на загаден воздух или што страдаат од болест поврзана со пушење и загаденост.

Постарите луѓе имаат поголема потреба за селен бидејќи сите болести што се јавуваат во подоцнежната доба го нагласуваат недостатокот на тој олигоелемент. Луѓето што боледуваат од дистрофија или друго мускулно нарушување исто така во организмот имаат помалку селен бидејќи тој најмногу се концентрира во мускулите.

Најдобро е селенот да се внесува преку намирниците во кои го има најмногу. Притоа, важно е да се зема во одредена дневна количина. Иако ретко доаѓа до консумирање преголема количина селен во организмот, тоа може да биде многу токсично и да предизвика иритација на кожата на главата и ноктите.
До ваков случај доаѓа доколку подолго време во организмот дневно се внесува повеќе од 0,9 милиграми селен.

Дознајте и зошто е важен калиумот за правилно функционирање на телото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар