Кои видови луѓе не можат да напредуваат на работното место?

Колку и да се трудат, некои луѓе едноставно не можат да напредуваат поради своите недостатоци. Надредените не ги сакаат ваквите личности, а погледнете кои се седумте најчести видови луѓе што ги има во секоја работна околина.

Кои видови луѓе не можат да напредуваат на работното место?

1. Озборувачи

Овие личности постојано бараат информации за личниот и за професионалниот живот на колегите, а потоа ги споделуваат со останатите. Тие го поминуваат поголемиот дел од времето зборувајќи, а не работејќи, а колегите не им веруваат и се скептични кон нив.

2. „Да, да, може“ личности

Овие луѓе се совршени работници, никогаш не велат „не“ и не се жалат. Тие се љубезни, но не го кажуваат тоа што го мислат. Овие вработени немаат менаџерски вештини, така што надредените не можат да се потпрат на нив.

3. Вкочанети

Спротивно на претходните личности, овој вид луѓе одбиваат нови задачи. Тие го сакаат тоа што го прават и сакаат тоа да остане така. Не сакаат нови идеи и иновации и инсистираат на тоа дека сите треба да се придржуваат кон утврдените правила.

На овие личности им е тешко да стекнат доверба во својот тим и не им веруваат на луѓето, а тоа ги спречува да работат најдобро што можат.

4. Жртви

Без оглед на улогата на жртва, овие личности сметаат дека ништо од тоа што им се случува на работа не е поради нивна вина. Ваквите вработени не ја преземат одговорноста за пропуштени рокови и за грешките и најчесто ги обвинуваат другите колеги. Тие мислат дека правилата не важат за нив и обично тимот ја губи довербата во нив.

5. Личности што се прават паметни

Овие личности мислат дека се најпаметни и слепо се држат до своите верувања. Ако нешто не е направено како што треба, тоа е така затоа што останатите не се придржувале до нивниот план. Овие личности можат да бидат арогантни во меѓучовечките односи и за време на состаноците, но тие мислат дека се шармантни.

6. Личности што постојано се лутат

Овие личности не знаат да се контролираат, склони се кон нестабилно однесување во канцеларијата и имаат проблеми со управувањето со меѓучовечките односи. Нивните емоции постојано излегуваат на површина, а тоа вознемирува многумина.

7. Политичари

Иако амбицијата (и планот за манифестирање на таа амбиција) се важни за секоја кариера, овие личности ја прикажуваат таа амбиција на поинаков начин. Целта на нивната кариера е стигнување до врвот и тие ќе го сторат тоа на кој било начин. Овие личности си ги припишуваат заслугите што не се нивни и за време на состаноците ги повторуваат информациите за да се направат попаметни.

Прочитајте ги овие трикови како да преговарате за повисока плата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар