Кои се најубавите комплименти што можете да му ги дадете на вашиот партнер?

Сите сакаме да добиваме комплименти и тие се многу важен дел од секоја врска, особено кога станува збор за љубовните врски. Верувале или не, и мажите обожаваат да добиваат комплименти и не треба да го занемарите овој факт. Комплиментите се многу значајни, бидејќи живееме во општество кое постојано ни вели дека не сме доволно добри. Почнувајќи од објавите на Фејсбук кои ги претвораат секојдневните работи во нешто неверојатно, па сѐ до медиумите што ни го полнат мозокот со потсвесни мисли, нормално е тоа што понекогаш се чувствуваме лошо и ни треба нешто што ќе ни го подигне расположението.

Кои се најубавите комплименти што можете да му ги дадете на вашиот партнер?

Ако му кажете на некој маж дека има цврсти мускули не значи дека ќе му го освоите срцето, бидејќи вистинските комплименти се повеќе од празни зборови. Комплиментите треба да изразат поврзаност, поддршка, охрабрување и разбирање. Со нивна помош, треба да му го откриете на партнерот она што и самиот не го знае за себе со цел да се чувствува посамоуверено и комплетно како личност. Комплиментите ја надополнуваат вашата врска и создаваат чувство на интимност, а тоа ќе ве направи посилни и подобри партнери. Ова се 5-те значајни комплименти што уште денес треба да му ги кажете на вашиот сакан…

1. „Го обожавам начинот на кој размислуваш“

Многу мажи постојано размислуваат. Ако го пофалите умот на вашиот партнер, ќе му дадете до знаење дека сте го забележале оној скриен дел од него на кој потајно многу се гордее. Ова нема никаква врска со автомобилот што го вози или со дупчињата на образите. Ова е поврзано со неговата интелектуална страна која им е многу важна на мажите.

2. „Ми се допаѓа начинот на кој донесуваш одлуки“

Овој комплимент ќе го зголеми интензитетот на неговите чувства кон вас, но треба да знаете дека не го постигнува истиот ефект кај сите мажи. Мажите кои постојано ја преземаат контролата на нештата во свои раце нема толку многу да се воодушеват ако ги фалите секогаш кога ќе одлучат каде ќе одите на вечера. Но, ова е одличен комплимент за мажите на кои им е тешко да донесат одлука и да воспостават контрола на работите.

Кои се најубавите комплименти што можете да му ги дадете на вашиот партнер?

3. „Обожавам да те гледам“

Ова е убав гест кој ќе ја покаже вашата разиграна страна. Можете да му кажете на вашиот партнер дека обожавате да го гледате додека готви, коси трева или игра фудбал. Со помош на овој комплимент, вие ќе му дадете до знаење на вашиот сакан дека ве импресионира дури и кога не се труди.

4. „Правиш да се чувствувам безбедно, бидејќи…“

Мажите сакаат да ја преземат улогата на заштитници, па затоа со сигурност ќе го освоите неговото срце ако му кажете дека се чувствувате безбедно во неговата прегратка. На овој начин вие ќе му кажете дека е лојален, силен, одговорен, паметен и стабилен.

5. „Ме инспирираш“

Најголемата пофалба што можете да ја дадете некому е таа дека ја буди вашата инспирација. Секој маж сака да биде херој, а овој комплимент ќе му помогне да се почувствува така. Нареден пат кога вашиот партнер ќе направи нешто што ќе ве инспирира преку неговите постапки, одлуки или дела, дајте му го тоа до знаење. Кажете му дека сте импресионирани и тој ќе почувствува дека заедно можете да го освоите универзумот.

Во продолжение дознајте кој комплимент најмногу им годи на жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар