Кои ќе бидат најголемите трендови за храна во 2020 година?

Дури и кога станува збор за нарачки доцна во ноќта, луѓето сè повеќе ќе бидат ориентирани кон органската храна. Домашната и органската храна ќе бидат апсолутен хит во текот на оваа година бидејќи таа е поздрава за луѓето, но и за околината. Со оглед на тоа што е невозможно целосно да се измијат остатоците од пестициди на овошјето и на зеленчукот, многумина ќе одгледуваат домашни намирници.

Кои ќе бидат најголемите трендови за храна во 2020 година?

Изложеноста на пестициди е штетна за здравјето, а експертите предупредуваат дека хормоналното нарушување може да биде резултат на континуираната консумација на неоргански овошје и зеленчук. Веганскиот животен стил и начин на исхрана станаа попопуларни поради движењето вегенуари (збор составен од веган и од јануари).

Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи беа едни од првите што започнаа ваков начин на исхрана. Во текот на јануари, тие ја елиминираа храната од животинско потекло и ги охрабрија луѓето да се хранат поздраво барем неколку дена.

Оваа година, вегенуари добива наследник – органуари. За ваквиот начин на исхрана се залагаат лекарите, а намирниците што се во фокусот се од животинско потекло: бубрези, црн дроб, срце и говедско месо. Експертите велат дека треба почесто да ги јадете овие намирници бидејќи го штитат здравјето на мозокот, на мускулите и на црниот дроб. Но, добрата вест оваа година е тоа што се луѓето сè почесто ќе порачуваат зеленчук или овошје наместо хамбургер.

Едни од најпопуларните намирници оваа година ќе бидат медицинските печурки реиши, кои може да ги додадете во храната што ја готвите или да направите чај. Тие се јадат за подобар имунитет и за одбрана од сезонските настинки.

Кељот е богат со хранливи материи

На менито се почесто ќе се појавуваат кељ, прокељ и зелка. Зелката го штити здравјето на желудникот, а прокељот ги отстранува токсините и е одличен за сјајна и негувана кожа.

За сјајна и негувана кожа

Сè повеќе луѓе ќе додаваат колаген во прав во својата исхрана. Оние што сакаат да имаат сјајна кожа, ќе додаваат една лажичка колаген во своето смуди, во кафето или во чајот.

Повеќе карфиол

Луѓето сè почесто подготвуваат тесто од карфиол. Прво го ставаат во блендер, а потоа во микробранова печка и додаваат јајце, лук, моцарела и сол.

Повеќе органска храна

Се предвидува дека во 2024 година луѓето ќе јадат 5,7 % повеќе органска храна во споредба со оваа година. Пазарот со здрава храна ќе доживее брз раст.

Убава, но опасна храна

Поради фотографии, луѓето ќе јадат карамбола бидејќи изгледа убаво, но таа е штетна за луѓето со слаби бубрези.

Прочитајте кои 10 знаци покажуваат дека вашето тело е полно со токсини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар