Ќе бидете во ред дури и ако сте потполно сами

Ќе бидете во ред дури и ако мислите дека сами минувате низ сè. Не ви се потребни пријатели или семејство за да ве извлечат од бездната. Вие сте доволно силни самите да го направите тоа. Ќе успеете. Ги имате сите алатки што ви се потребни.

Ќе бидете во ред дури и ако сте потполно сами

Следниот пат кога ќе се чувствувате како да нема кому да ги кажете проблемите, како да нема кој да ве смири кога плачете, запомнете дека сами можете да се справите со болката. Можете да си ги избришете солзите. Можете да го забавите дишењето.

Доволно сте силни за да преживеете без момче или најдобар пријател, па дури и без член од семејството кој навистина се грижи за вас. Сигурно сте повеќе сакани отколку што мислите, но ако сепак се чувствувате сами, знајте дека можете да го направите ова.

Ако ви е смешно тоа што ве нарекуваат силни, размислете за фактот дека сè уште сте овде и дека живеете иако ви било пекол. Силни сте што дишете. Силни сте што постоите. Силни сте што сте ги поминале најосамените, најсрамните моменти, моментите кога не ви се живеело.

Подобро ви е отколку што мислите. Не сте во толку лоша состојба како што ви кажува вашиот мозок. Еден ден ќе сфатите колку сте убави, талентирани, интелигентни, вредни. Еден ден ќе ја сфатите вашата вредност. Ќе престанете да го мразите светот и ќе почнете да се сакате себеси.

Ако можете да си дозволите терапија, одете. Ако имате колеги или цимери, или пак учител кој се грижи за вас, не срамете се да ги споделите проблемите. Ќе ве разберат подобро отколку што мислите. Ќе ве ислушаат, а понекогаш тоа е сè што ви е потребно.

Но, ако мислите дека нема ниту една личност на светот што може да ви помогне, тогаш помогнете си сами. Не сте беспомошни. Можеби се чувствувате така, но имате моќ која е скриена во вас. Можете да го надминете ова. Ќе ви биде подобро. Повторно ќе ја пронајдете среќата.

Ќе бидете во ред дури и ако се чувствувате осамено. Дури и ако мислите дека никој не забележува колку страдате. Дури и ако мислите дека никому не му е грижа. Вистината е дека секогаш има некој што се грижи.

Ако ова не ве убедува и сè уште се чувствувате сами, во ред е. Самите ќе го надминете ова. Ќе најдете начин да го преживеете ова, бидејќи вие сте преживувач.

Доволно сте силни да продолжите понатаму. Навистина. Немојте ни за момент да се сомневате во тоа.

Погледнете и како да се справите со духовната осаменост.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар