Каков накит ќе се носи во 2021 година?

Каков накит ќе се носи во 2021 година?

Кога модната сезона ќе се смени, првото нешто што треба да се обнови е накитот. Гардеробата секогаш можете да ја носите неколку сезони, но накитот мора да ги следи трендовите. Погледнете каков накит треба да изберете во 2021 година.

Бисери

Лажни, вистински, големи или мали – бисерите ќе бидат во тренд во 2021 година. Апсолутен моден императив оваа година ќе бидат бисерните обетки во речиси секоја пригода. Предност имаат помалите и попристојни парчиња накит. Сепак, покрај едвај забележливите бисери, добредојдени се и бисерните обетки што висат и привлекуваат внимание. Но, оваа варијанта треба да се чува за посебни пригоди. Исто така, исклучително се популарни и бисерните белезици, поточно белезици направени од мали бисери. Кога станува збор за ѓерданите, златните ѓердани со приврзок од бисер се хит.

Злато

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thallo (@thallojewelry)

Без разлика дали станува збор за вистинско злато или само фино обоен метал, златото е повторно во мода. Овој благороден метал го најави своето враќање минатата година, а во 2021 година ќе биде уште повеќе популарен. Ако изберете златен накит или добра имитација, првиот избор треба да биде белезица. Изберете класична изработка со повеќе алки. Овие белезици ќе бидат особено популарни во текот на пролетта и летото кога ќе привлекуваат многу внимание. За вечерни пригоди, можете да впечатлив златен ѓердан, без никакви детали.

Предимензионален накит

Откако предимензионалната облека беше хит минатата година, оваа година изборот на накит се сведе на: колку поголем, толку подобро. Или изберете парчиња што се толку големи што едвај можете да ги задржите до границите на добриот вкус или изберете го токму спротивното – апсолутен минимализам. Ниту една средна опција не е добредојдена оваа година. Сите стилисти посветуваат посебно внимание на големите белезици. Принципот на преголеми димензии не се однесува само на прстените.

Топки

Ако не сте сигурни која форма да ја изберете, изберете топки. Направени од метал или бисери, обесени на ѓерданот, на белезицата или на обетките, топчињата ќе бидат најпопуларна форма за оваа сезона. Покрај бисерни и метални, дизајнерите на накит користеле и безбојни кристални топчиња. Големината на топчињата не е важна, но мора да биде во согласност со остатокот од накитот.

Погледнете кои дизајни на нокти ќе бидат во тренд во 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар