Каков ефект имаат кошмарите на нашиот мозок и како да ги надминете?

Никој не сака да има лоши соништа, особено не секоја вечер. Но хроничните кошмари се реалност и може да се случуваат редовно. Сепак, верувале или не, според некои истражувања и гласини, лошите соништа се всушност позитивни за вашата психа. Кошмарите може да ја зголемат креативноста и може да го намалат стресот, особено ако се поврзани со стресни настани. Но ако кошмарите се случуваат премногу често, тие може да го нарушат вашето емоционално и ментално здравје.

Каков ефект имаат кошмарите на нашиот мозок и како да ги надминете?

Се смета дека кошмарите се појавуваат бидејќи имаат некоја цел за процесирање на стресот. Но, ако тие се појавуваат почесто од 2 пати месечно, тоа не е добро. Многу истражувања ја поддржуваат идејата дека хроничните кошмари се лоши за здравјето. Циклусот на спиење се нарушува, а луѓето размислуваат за соништата и во текот на денот.

Други истражувања на оваа тема покажале дека луѓето кои страдаат од хронични кошмари се поанксиозни и имаат проблеми со спиењето.

Во едно истражување од 2009 година учествувале 600 средношколци. Тие ги опишувале нивните животи и нивните искуства со кошмарите во текот на една година. Целта на истражувањето било да се пронајде врска со кошмарите и секојдневието, особено дали лошите соништа помагаат во процесирање или намалување на анксиозноста.

Се открило дека оние кои редовно имале вознемирувачки соништа страдале од поизразена анксиозност за разлика од оние кои се соочувале со тешки моменти во реалноста, како на пример развод на родителите. Истражувањето исто така покажало дека редовните кошмари не ја намалувале напнатоста и анксиозноста, туку предизвикувале повеќе стрес во текот на денот. Важното прашање што останува е дали постои нешто што ги предизвикува соништата, или пак тие се причина за анксиозност, па како резултат се повторуваат.

Ако се соочувате со ваков проблем, важно е да побарате некое брзо решение. Размислете за храната што ја консумирате, што гледате или што правите пред да одите на спиење бидејќи тоа може да има директен ефект на нивото на анксиозност.

Кошмарите може да се појават и од настани како раскинување. Ако ова е вашата причина, побарајте помош како терапевт, или почнете да пишувате дневник пред спиење. Друга добра стратегија за справување со лошите соништа е од доктор Џон Мајер. Тој истакнал дека еден начин да се осигурите дека ќе се наспиете добро е да си замислувате нешто многу убаво пред спиење. Тоа може да биде некое среќно сеќавање, или пак патувањето на кое планирате да одите. Според доктор Мајер, подиректен пристап за победување на хроничните кошмари е да си го замислите сонот, но со различен и убав крај.

Запомнете, ако постојано се справувате со лоши соништа, не сте сами. Никогаш немојте да се плашите да побарате помош од пријател или експерт. Потребно е да го најдете коренот на проблемот и да го решите за ваше добро.

Дали знаевте дека луѓето кои имаат кошмари се покреативни?

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар