Како влијае стресот за време на бременоста врз детето?

Како влијае стресот за време на бременоста врз детето?

Не можеме да негираме дека стресот е нормален дел од животот, а периодот на бременоста не е исклучок. Научниците тврдат дека стресот во текот на бременоста влијае на интелигенцијата на детето и неговиот развој, а може да предизвика и други проблеми подоцна во животот. Дознајте дали навистина стресот е толку штетен за неродените бебиња.

1. Стресот може да предизвика предвремено раѓање и мала тежина

Како влијае стресот за време на бременоста врз детето?

Здравјето на детето е најголемата грижа на секоја идна мајка, а ова предизвикува стрес. Иронично е што првото нешто што треба да го направите за доброто на вашето дете е да се смирите. Неспособноста да се справите со стресните ситуации може да предизвика предвремено раѓање и мала тежина. Стресот го зголемува производството на хормонот CRH. Кај идните мајки, овој хормон влијае на должината на бременоста и созревањето на фетусот. Колку е повисоко нивото на хормонот, толку порано ќе почне породувањето. Изненадувачки е што најважно е првото тримесечје. Предвременото раѓање е предизвикано од покачување на хормонот поради стрес во првите недели од бременоста.

2. Има влијание на коефициентот на интелигенција и развојот на мозокот

Како влијае стресот за време на бременоста врз детето?

Научниците откриле дека високото ниво на кортизол може да го намали коефициентот на интелигенција кај детето. Нормално, плацентата произведува ензими што го разградуваат кортизолот, но таа не може да се справи со хормонот доколку стресот е интензивен или трае подолго.

Исто така се покажало дека стресот во текот на бременоста може да влијае на мозочниот развој. Многу истражувања покажале дека центарот за стрес е еден од првите кои се развиваат кај детето. Ова значи дека фетусот е чувствителен на стресот на мајката уште на почетокот.

3. Може да предизвика проблеми со спиењето

Како влијае стресот за време на бременоста врз детето?

Расположението на мајката не влијае само на развојот на фетусот, туку и на спиењето. Едно истражување открило дека стресот влијае на времето за спиење кај бебињата. Научниците проучувале бебиња на возраст од 6, 18 и 30 месеци. Се покажало дека децата чии мајки имале анксиозност за време на бременоста, имале проблеми со спиењето на 18 и 30 месеци. Ова се случува поради кортизолот кој минува низ плацентата и влијае на делот од мозокот кај бебето којшто е одговорен за спиењето.

4. Стресот во бременоста може да предизвика проблеми со здравјето на бебето

Како влијае стресот за време на бременоста врз детето?

Истражување од 2011-та година потврдило дека стресот на мајката влијае на здравјето на детето. Децата кои страдале од стрес во матката биле изложени на поголем ризик од инфекција на увото и ментални нарушувања. Други проблеми кои се појавиле биле со очите, дигестивниот систем, респираторниот систем, кожата и слично. Исто така стресот може да предизвика и појава на алергии и астма. Стресот бил поврзан и со дефицит на внимание и се покажало дека неговото влијание е посилно од она на цигарите во текот на бременоста.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар