Како правилно да го нашминкатe проблематичното лице со акни?

Акните претставуваат проблем на многумина тинејџери, но неретко се проблем и на луѓето во зрелите години. Ако како тинејџери сте сакале да ги чепкате, можно е да ви останале и траги од нивното постоење на лицето, покрај црвенилото и флеките. Но, ако ги тргнеме на страна овие навидум „безизлезни“ неправилности, постојат и оние кои навистина можат да се наречат тешки, како што се белезите, флеките, депигментацијата и слично, што на припадничките на понежниот пол им создаваат голема мака. Без разлика дали припаѓате во првата или втората група, сигурно честопати застанувате пред огледалото, прашувајќи се: Како да го сокријам ова?

Разбирливо е дека овие неправилности прават да се чувствувате неудобно и несигурно, па затоа, авторката на блогот Kiss and Makeup, Мирна, во туторијалот којшто следи открива некои трикови и совети коишто ќе ви помогнат да ги покриете и сокриете неправилностите на лицето, при што ќе добиете тен каков што отсекогаш сте посакувале. Погледнете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар