Како изгледа појадокот на најздравите луѓе во светот?
Смуди од авокадо
Ова е одличен појадок за луѓето кои активно го започнуваат утрото. Универзалниот рецепт изгледа вака: една половина авокадо, една половина кисела павлака, половина шолја млеко, 1 банана, прстофат ванила и грст спанаќ. Вкусот навистина ќе ве изненади!
Здрави палачинки
Рецептот за овие палачинки е едноставен: Една лажица протеин во прав, белка од јајце, 1/2 пасирана банана и смелено ленено семе. Оваа комбинација оди одлично со зелен чај. Вкусен и хранлив појадок, богат со протеини.
Каша со пире од банана
Кашата со млеко ќе ве држи сити цело утро. Ако додадете и пире од банана, појадокот ќе биде уште повкусен.
Омлет со авокадо и лосос
За да имате здрав појадок богат со проетини, можете да додадете авокадо и парчиња лосос во вашиот обичен омлет.
Домашна супа
Овој појадок е одличен за љубителите на традиционалната кујна. Супата од кокошка со моркови, целер и фиде претставува одлична комбинација од протеини и јаглехидрати и гарантира успешен почеток на напорниот ден.
Омлет со зеленчук
Можете да направите колкава количина сакате од овој омлет и да го поделите на неколку оброци. Освен тоа, секогаш можете да додадете нешто ново, бидејќи сигурно имате најразлични зеленчуци во фрижидерот.
Потпечено лепче со кашкавал и јајца
Потпечете го лепчето со авокадо и кашкавал во рерна. Ставете тазе испржено јајце одозгора и зачинете го по вкус. Не само што овој оброк е одличен извор на протеини и корисни масти, туку и ќе ве држи сити до ручекот.
Доколку сакате да добиете уште идеи за тоа како да го започнете денот, погледнете ги и овие оригинални предлози за здрав појадок.