Како да знаете дали го чистите лицето премногу или премалку?

Како да знаете дали го чистите лицето премногу или премалку?

Ако се најдете во ситуација кога имате полица полна со производи за убавина што сте ги купиле по препорака, но не сте сигурни како да ги користите во секојдневната рутина, не грижете се, многумина го имаат истиот проблем и ништо не е нерешливо.

Како да знаете дали го чистите лицето премногу или премалку?
Секој производ што го поседувате ќе го покаже своето дејство по одредено време и по одреден начин на употреба, особено кога станува збор за чистење на лицето. Чистењето е основа на целата рутина за нега на кожа, а ако ги користите средствата на соодветен начин, ќе ги добиете сите придобивки, но ако ги користите неправилно, може да се појават воспаление и иритација на кожата.

Всушност, сè се сведува на тоа дали ја чистите кожата премногу или премалку. Ако ја чистите премалку, тоа значи дека остатокот од вашата шминка и нечистотијата се вовлекуваат во вашите пори во текот на денот и предизвикуваат појава на акни. Ако претерувате со чистењето, тоа значи дека сте ја отстраниле заштитната бариера од природните масла што ги произведува кожата, ја дехидрирате и предизвикувате иритации.

Прочитајте како да одржувате рамнотежа кога станува збор за чистење на лицето.

Прескокнете го двојното чистење наутро

Откако ќе направите двојно чистење на лицето навечер, нема потреба да го правите истото наутро бидејќи само дополнително ја сушите кожата. Наутро, исчистете ја кожата со нежен гел за чистење на лицето и продолжете со нормална нега.

Оставете им ги активните состојки на серумите

Не ви требаат средства за чистење на лицето што содржат ретинол, гликолна киселина или витамин Ц ако веќе ги користите во серуми и би било добро рутината за чистење на вашата кожа да биде колку што е можно поблага.

Измијте се со млака вода

Многумина се мијат со топла вода, мислејќи дека на тој начин ќе им се отворат порите и ќе се затворат со ладна вода, но најдобро е да најдете средина. Млаката вода е доволна за да ја отстрани целата нечистотија од лицето без да ги отстрани дополнителните природни масла што ги произведува кожата.

„Крцкањето“ не е неопходно и добро

Ако се чувствувате како да ви е исчистена секоја пора и кожата ви крцка под прстите по чистењето, тоа може да биде аларм дека премногу интензивно сте ја исчистиле кожата и сте ги отстраниле сите природни масла што ви се потребни за нормална функција на кожата.

Прочитајте кои се 3-те клучни правила за нега на сува кожа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар