Како да се засакате себеси?

Како да се засакате себеси?

Многумина луѓе толку се мразат себеси, што самопочитувањето им се чини како далечен сон. Илузија, која постои само да ги измачува и гони во текот на животот. Сепак, надежта постои и нештата може да се променат. Со овие едноставни препораки, секој ден сѐ повеќе и повеќе ќе се засакувате себеси. Затоа, запомнете дека:

Како да се засакате себеси?

Во моментов сте токму онаму каде што треба да бидете

Ова значи дека не треба негативно да гледате на сите минати „грешки“ и „неуспеси“. Всушност, тие биле неопходни за да го постанете она што сте сега и да можете да напредувате во иднина. Престанете да се каете за сите работи што сте или не сте ги направиле вчера, пред една година или дури и деценија. Прифатете ги случките во вашиот живот, учете од нив и заборавете ги. Сигурно ве чекаат подобри нешта во иднина. Не ризикувајте да ве одминат најубавите моменти и шанси, кои веќе никогаш нема да се повторат.

На другите не им должите објаснување за она што сте

Дали некогаш сте зборувале со некого и сте имале потреба да си ги оправдувате мислите чувствата и постапките? Никому не му должите објаснување за вашите размислувања, верувања и она што самите сте. Одговорни сте единствено пред самите себе. Едноставно одговорете им дека така сте се чувствувале во моментот и крај на дискусијата.

Треба да ги цените сопствените квалитети

Сите имаме слабости кои со задоволство би ги промениле. Но, проблемот настанува кога повеќе се сосредоточувате на нив, отколку на јаките страни. Никогаш нема да се засакате себеси доколку постојано си пронаоѓате нови маани. Затоа, престанете да се саботирате и промовирајте си ги прекрасните особини и таленти што ги поседувате. Направете листа од сите работи, што ви се допаѓаат кај вас. Барем за момент заборавете на скромноста. Бидете искрени спрема себе. Кога и да не се чувствувате добро, само погледнете ја листата и ќе сфатите колку навистина вредите.

Не треба да ги преувеличувате квалитетите на другите

Многу често ги преценуваме добрите особини кај другите луѓе. Ги идеализираме и ги замислуваме многу подобри од она што навистина се. Се споредуваме со нив, што пак прави да се чувствуваме искомплексирано. Но, тие не постојат за да се споредуваме со нив. Само затоа што не ги гледате нивните маани, не значи дека не постојат. Признајте си дека тие се добри во некои нешта, а вие во други. Можеби и тие се угледуваат на вас за одредени работи, а вие тоа не го ни забележувате.

Треба да си ги разберете емоциите

Случувањата сами по себе немаат значење. Ние самите им го даваме, а притоа голема улога имаат искуствата од минатото. Еден ист настан, може да биде доживеан со две различни емоции, во завидност од претходните искуства. Па така, кога се чувствувате лошо за нешто што сте го направиле или не, потрудете се да ја разберете емоцијата зад тоа. Причинско-последичен однос. Тоа е сѐ.

Со работа и труд се доаѓа до совршенство

Не може преку ноќ да се засакате себеси и веќе никогаш да не размислувате за тоа. За ваква промена потребно е многу внимание и посветеност. Секојдневно треба да градите добра врска со себе, исто како што тоа се трудите да го направите со другите луѓе. Вие самите сте приоритет. Дадете си до знаење дека може да поминете низ сѐ и одберете да бидете победник, наместо жртва. Она во што верувате, тоа и ќе станете. Затоа, отворете го умот за убави и позитивни нешта и сакајте се себеси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. Верче Калаџиска Reply

    Потполно е така секоја чест за напишаното најдобри сте позз!!!

Остави коментар