Како да се нашминкате во сезоната на алергии?

Како да се шминкате во сезоната на алергии?

Заедно со пролетта дојде и сезоната на алергии. Голем број луѓе страдаат од постојано кивање, затнат нос и суво грло, а дишењето им е целосно отежнато. Дополнително, токму во оние денови кога ви е важно да изгледате добро и претставително, доволна е една солза или кивнување за да ви ја уништат шминката. Но, за среќа, не е невозможно да се постигне добра шминка и во овие денови.

Како да се шминкате во сезоната на алергии?

1. Користете водоотпорна шминка

Ако очите ви солзат поради алергија, најдобро е воопшто да не ги шминкате, но ако веќе мора, никако не користете неквалитетна шминка. Нанесете водоотпорна маскара и дополнете го изгледот со понежна шминка, на пример тенок слој сенка, која не смеете да ја нанесувате на внатрешните рабови на окото. Само така би избегнале размачкување и разлевање на бојата.

2. Не користете туш за очи

Како што веќе кажавме погоре, најдобро е во периодот кога очите се иритирани воопшто да не се нанесува шминка на нив, а ова особено важи за тушот за очи. Солзењето дополнително ќе пречи правилно да се нашминкате, а тушот е производ кој лесно може да се размачка. Сигурно не би сакале да изгледате уморно или да личите на панда.

3. Корекција на бојата

Алергиите можат да предизвикаат црвенила, особено околу очите или на носот, поради зачестеното користење марамчиња. Употребете коректор со зелена нијанса, за да го ублажите црвенилото. Потоа продолжете со вообичаената рутина.

Како да се шминкате во сезоната на алергии?

4. Негувајте ја кожата и намалете ги отоците

Пред да се нашминкате, обидете се да ги намалите отоците на вашето лице, така што ќе држите мраз во делот на образите што се наоѓа под очите. Потоа измијте се со ладна вода. Откако ќе го исушите лицето, можете да почнете да се шминкате.

5. Контурите се задолжителни

Алергиите некогаш доаѓаат во најлош можен момент, кога имате важен состанок или треба да се појавите на место каде што треба да изгледате посвечено. Во ваков случај, употребете ги популарните контури и на лицето и на очите. Шминкајте се со кафеава сенка за очи, а на носот нанесете бронзер. Потоа истакнете ги контурите на образите и челото, за да постигнете свеж изглед.

Прочитајте која ненамерна грешка ги прави вашите алергиски реакции уште полоши.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар