Како да се преполните со допамин за никогаш повторно да не се чувствувате тажно или под стрес?

Како да се преполните со допамин за никогаш повторно да не се чувствувате тажно или под стрес?

Нашиот мозок испушта невротрансмитер, допамин, што е клучен за бројни есенцијални телесни функции. Допаминот е одличен кога станува збор за:


  • контрола на движењето
  • контрола на центарот за задоволство и награда во мозокот
  • подобрување на когнитивните функции (знаење, внимание, меморија, носење одлуки, евалвација, решавање проблеми)
  • регулирање на лачењето пролактин

Како да се преполните со допамин за никогаш повторно да не се чувствувате тажно или под стрес?

Со оглед на тоа што допаминот е многу важен за нашата добросостојба и среќа, намаленото ниво може да води кон различни здравствени проблеми, како на пример, депресија, тага, негативност и други емоционални маки. За среќа, постојат 7 ефективни начини да го зголемите допаминот во вашето тело, без притоа да користите медикаменти.

1. Вежбајте

Сите видови физичка активност го зголемуваат нивото на допамин, серотонин и ендорфин. Редовното вежбање овозможува среќа, го зацврстува телото и го намалува стресот.

2. Избегнувајте активности што предизвикуваат зависности

Зависноста од алкохол, дрога, секс, коцкање, па дури и шопинг, може да ви овозможи инстантно задоволство, но тоа не е трајно решение. Зависностите само моментално ги задоволуваат нашите потреби, но можат да доведат до зголемен ризик од развивање депресија и други ментални болести.

3. Практикувајте редовна детоксикација

Погрижете се редовно да извршувате детоксикација на вашиот систем, бидејќи насобирањето токсини и бактерии во телото го спречува производството на допамин и го намалува имунитетот.

4. Зголемете го внесувањето на тирозин

Тирозинот е еден од 22-те есенцијални аминокиселини, потребни за создавањето протеини. Тој е всушност најважниот кога станува збор за создавањето допамин. Токму затоа редовно консумирајте зелен чај, лубеници, бадеми, банани, авокадо, како и темно чоколадо.

5. Слушајте музика

Најлесниот начин да го зголемите нивото на допамин е доколку слушате музика. Токму затоа обидете се да имате навика редовно да ја слушате вашата омилена музика, со цел да го одржувате оптимално нивото на допамин.

6. Организирајте си го животот

Допаминот се зголемува и при извршување на секојдневните мали задачи, дури и кога тие ви се чинат тешки. Најдобро е да ги запишувате вашите задачи на лист хартија и да ги прецртувате кога ќе ги завршите. На тој начин ќе почувствувате огромно задоволство штом ја видите целата листа завршена, а со тоа и значително ќе го зголемите нивото на допамин.

7. Бидете креативни

Нивото на допамин во мозокот може да се зголеми и со извршувањето креативна активност. Ова исто така ќе ве одржува и фокусирани. Вие не треба да станете светски познат артист, но обидете се да цртате, танцувате, пеете, пишувате, готвите и слично за самите себеси и брзо ќе забележите дека ќе се чувствувате многу подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар