Како да се хипнотизирате себеси и за само 15 минути да се ослободите од анксиозноста и стресот?

Како да се хипнотизирате себеси и за само 15 минути да се ослободите од анксиозноста и стресот?

Хипнозата не е ништо повеќе од релаксација и концентрација. Никој не може да биде хипнотизиран против својата волја. Вие едноставно го релаксирате вашиот ум и ѝ дозволувате на моќната потсвест да излезе на површина. Многу психолози веруваат дека потсвеста има суптилно влијание на вашата личност, како и вашите дела. Потиснатите чувства и мисли можат силно да влијаат на одлуките што ги носите, без притоа да бидете свесни за тоа што сте го кажале или направиле.

Како да се хипнотизирате себеси и за само 15 минути да се ослободите од анксиозноста и стресот?

Анксиозноста и стресот можат да бидат турнати надолу и на тој начин да почнат да гнијат, предизвикувајќи ви голем број проблеми. Самохипнозата всушност не е ништо повеќе од сместување себеси во состојба на релаксација и потоа откривање на сите оние нешта што ви предизвикуваат стрес. Откако ќе станете свесни за стресот и анксиозноста, можете да се ослободите од нив и на тој начин да го скршите кругот од негативност. Па, како да се хипнотизирате себеси за 15 минути?

Почнете со длабоко дишење

Наместете се удобно и дишете длабоко и бавно. На тој начин ќе го зголемите кислородот во вашето тело и ќе го забавите срцебиењето. Вдишувајте длабоко и дозволете му на воздухот да излегува од вашите бели дробови под ваша контрола. Во текот на првата минута, само фокусирајте се на дишењето и на дозволувањето тензијата да почне да ви излегува од вас.

Визуализирајте се како лебдите на облак

Замислете дека сте опкружени со облаци и дека сè околу вас е меко и топло. Дозволете им на облаците да ја апсорбираат вашата анксиозност. Вие сте безбедни и ништо не може да ве повреди додека лебдите на облакот. Замислете како посегнувате кон топлината и безбедноста околу вас.

Следете си ги мислите

Додека сте опуштени, сигурно ќе забележите како одредени мисли се појавуваат непланирано во вашиот ум. Тоа е сосема во ред. Дозволете им да излезат на површина. Дозволете им да дојдат и да си одат кога сакаат. Обидете се да ги идентификувате овие мисли и да ги категоризирате како позитивни или негативни.

Ослободете се од лошите мисли

Откако ќе ги идентификувате негативните мисли, обидете се нежно да ги отпуштите. Не му дозволувајте на вашиот ум да размислува за одредена лоша мисла подолго време. Дозволете ѝ да дојде и потоа отпуштете ја – нека потоне во мекиот бел облак! Повторувајте го ова со сите останати негативни мисли сè додека вашиот ум целосно не се избистри.

Кажете си нешто позитивно

Откако сте ги препознале негативните и стресни мисли и сте се ослободиле од нив, празнината во вашиот ум треба да се пополни со позитивни нешта за вас и вашата ситуација. Дури и едноставните мисли како „Јас сум смирен/а и во мир со себе“ или „Моите мисли го создаваат мојот живот“ можат да имаат клучна улога во излезот од негативниот круг.

Уживајте во мирот

Откако ќе се опуштите, поминете неколку минути уживајќи во тивката и мирна тишина. И покрај тоа што останатиот дел од денот може да ви биде исполнет со многу работни и домашни обврски, кога и да се почувствувате под притисок, вратете се на овие 15 минути и скоро инстантно ќе се смирите. Носете го вашиот мек, бел облак со вас и заборавете на грижите. Во вас постои само тишина и мир.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар