Како да почнете со редовно вежбање јога и кои се најдобрите почетнички пози?

Само по еден месец вежбање јога, ќе забележите дека сте станале посилни, посмирени, и пофлексибилни, и ќе се чувствувате прекрасно! Но од каде да почнете? Еве неколку совети што ќе ви помогнат.

(6)kako-da-pocnete-so-vezbanje-joga-kafepauza.mk

Најдете место и време

Одредете кое време од денот ви одговара најмногу. Ако повеќе сакате да го трошите слободното време за гледање некоја серија отколку за вежбање јога, тогаш комбинирајте ги двете! Постелете ја простирката за јога пред телевизорот или компјутерот и почнете.

Создадете навика

Обидете се секој ден да вежбате во исто време и на овој начин ќе создадете навика за вежбање. Со тек на време ќе почнете и со нетрпение да го чекате следното вежбање најмногу поради самото чувство на смиреност кое се појавува при вежбањето јога.

Одберете си рутина

Најдете ја рутината која најмногу ви одговара. Ако веќе сте вежбале јога, правете ги оние вежби кои сметате дека ви се најпотребни. Ако сте почетник, има многу канали на Јутјуб кои можат да ви помогнат. Исто така има и безброј бесплатни апликации за вашиот смартфон што ќе ве водат низ вежбањето. А доколку навистина не знаете од каде да почнете, во прилог се 5 вежби за почетници.

1. Дрво

(1)kako-da-pocnete-so-vezbanje-joga-kafepauza.mk.jpg

Начин на вежбање: Застанете исправено, свиткајте ја десната нога и поставете го десното стапало на внатрешноста од левиот колк. Стапалото треба да биде над или под коленото. Дланките склопете ги како за молитва и гледајте нанапред. Вдишете длабоко 5 пати, па сменете ја страната.

Придобивки: Оваа поза ја подобрува концентрацијата, а истовремено ги зајакнува нозете и ‘рбетот. Исто така ви ја подобрува рамнотежата. Избегнувајте ја оваа поза доколку страдате од несоница, главоболка или низок крвен притисок.

2. Мачка/крава

(2)kako-da-pocnete-so-vezbanje-joga-kafepauza.mk.jpg

Начин на вежбање: Застанете на сите четири, и поставете ги во иста линија колковите со колената и зглобовите на дланките со рамената. Вдишете, па на издишувањето свиткајте го ‘рбетот нагоре (мачка) и спуштете ја главата надолу. Повторно вдишете и подигнете ја главата, а ‘рбетот свиткајте го кон подот (крава). Повторете 10 пати.

Придобивки: Оваа вежба го истегнува грбот и може да ви помогне доколку имате болки во него.

3. Мост

(3)kako-da-pocnete-so-vezbanje-joga-kafepauza.mk.jpg

Начин на вежбање: Легнете на грб. Свиткајте ги нозете и раширете ги стапалата колку колковите. Со издишување полека подигнете ги колковите до каде што можете. Рацете може да ви стојат до вас или под грбот. Стојте во позата од 5 до 8 вдишувања. Со последното издишување полека спуштете ги колковите на земјата.

Придобивки: Оваа поза е совршена за оние кои седат во текот на целиот ден. Ве релаксира и ви го истегнува грбот, ја трга тензијата од вашите нозе и ги зацврстува. Не ја правете оваа поза доколку имате проблеми со вратот.

4. Спирала

(4)kako-da-pocnete-so-vezbanje-joga-kafepauza.mk.jpg

Начин на вежбање: Легнете на грб. Свиткајте го десното колено и поставете го десното стапало на левото колено. Ставете ја дланката на десното колено и со нејзина помош полека спуштете го од левата страна. Пробајте да го достигнете подот, доколку можете. Држете околу 5 вдишувања, па сменете ја страната.

Придобивки: Оваа поза го издолжува ‘рбетот и ги масира абдоминалните органи.

5. Дете

(5)kako-da-pocnete-so-vezbanje-joga-kafepauza.mk.jpg

Начин на вежбање: Седнете на стапалата, спуштете ја главата надоле и ставете ги рацете покрај телото. Останете во оваа положба повеќе од една минута.

Придобивки: Оваа поза е ресторативна и ги истегнува рамената, градите и грбот.

Ако веќе сте почнале редовно да вежбате, погледнете ги и овие 8 лесни јога вежби за истегнување на целото тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар