Како да изградите сопствен стил?

Како да изградите сопствен стил?

Дефинитивно една од најголемите љубови кај секоја жена е модата. Меѓутоа, вистинското прашање е како да се пронајдете и да изградите сопствен стил во морето од стилови и трендови, кои секојдневно се вртат околу вас. Денес, ние ќе ви помогнеме да ве наведеме на вистинскиот пат, со помош на едноставни совети да изградите автентичен стил кој ќе го отсликува вашиот карактер. Во продолжение прочитајте ги модните совети кои лесно можете да ги примените.

Како да изградите сопствен стил?

1. Добро црно здолниште е задолжително

За софистициран изглед во секоја прилика ви е потребно класично парче кое совршено се комбинира со бела маица, како и со кошула или пак романтична блуза. Без разлика дали станува збор за А крој, плисирано, или миди здолниште, тоа е совршена основа за многу комбинации. Па затоа, изберете црно здолниште кое ќе ви одговара со сè и ќе ви овозможи простор да го носите на безброј начини.

2. Игнорирајте ги трендовите

Трендовите се во ред само доколку вам ви се допаѓаат, но доколку сте една од оние жени кои не ги сакаат актуелните трендови и најдобро се чувствуваат во класични парчиња облека, тоа е сосема во ред, бидејќи класиката никогаш не излегува од мода!

3. Запознајте го вашето дело

Кога градите стил, многу е важно да го запознаете своето тело и да одлучите што најдобро ви прилега. Нема потреба да купувате гардероба која никогаш нема да ја облечете бидејќи не ви прилага онака како што сте замислиле. Детално испитајте го своето тело и облекувајте се на суптилен начин, така што ќе го истакнете она што е најубаво на вас.

4. Поентата е добро да се чувствувате

Кога купувате облека, најважниот критериум е да се чувствувате удобно и да уживате во она што го носите. Кога се чувствувате пријатно во облеката која ја носите, тоа се гледа и на вашиот став и држење на телото, што значи дека тоа што сте го облекле е совршена комбинација.

5. Издвојувајте пари за класични парчиња

Нема потреба да давате пари за модерна облека која веќе следната сезона нема да биде популарна, но доколку сакате да си дозволите некое луксузно парче, тогаш инвестирајте во старата добра класика, која засекогаш ќе биде во тренд!

Дознајте повеќе и како да изградите минималистички моден стил?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар