Како да изберете квалитетни производи при купувањето во маркет?

Кога купуваме производи во маркетот, обично ги избираме оние кои ни „паѓаат“ во око. Но, дали е тоа добар метод? Убавиот изглед не гарантира добар вкус, квалитет и здравствена корист. Дури и кога купуваме на пазар од домашни произведувачи, не можеме да бидеме сигурни дека сме го добиле она што сме го барале. Ние денес ви откриваме неколку трикови кои ќе ви помогнат секогаш да ја изберете најсвежите риба и месо, вистински природен мед и уште многу други производи.

1-eve-kako-da-izberete-kvalitetni-namirnici-dodeka-kupuvate-vo-market-www.kafepauza.mk_

Леб

Свежиот леб не би требало да биде тврд, па секогаш пред да избирате чепнете го. Во пластичните пакувања, лебот останува подолго време свеж, но ќе го загуби вкусот по само неколку часови од отворањето.

2-eve-kako-da-izberete-kvalitetni-namirnici-dodeka-kupuvate-vo-market-www.kafepauza.mk_

Бабури

Ако е поделена на два или три дела, обично е лута и има помалку семки. Ако има четири дела, слатка е и има многу семки. Исто така, обрнете внимание на долниот дел од бабурата каде што се наоѓа истакнатиот дел.

3-eve-kako-da-izberete-kvalitetni-namirnici-dodeka-kupuvate-vo-market-www.kafepauza.mk_

Сладолед

Секогаш читајте го составот. Сладоледите со вкус на шумско овошје, ретко се природни, па подобро е да го изберете оној со јаткасти плодови, суво овошје или гумени бонбони.

4-eve-kako-da-izberete-kvalitetni-namirnici-dodeka-kupuvate-vo-market-www.kafepauza.mk_

Мед

Вистинскиот, природен мед е проѕирен и со изедначена боја. Квалитетниот мед е доста сладок и има специфична нота. Размачкајте ја капката мед помеѓу прстите: ако лесно се впива во кожата, тоа е добар мед.

5-eve-kako-da-izberete-kvalitetni-namirnici-dodeka-kupuvate-vo-market-www.kafepauza.mk_

Ементалер и други тврди сирења

Кога купувате ементалер обрнете внимание на бојата, дупките и текстурата. Бојата би требало да биде изедначена и без никаква бела кора, дупките би требало да бидат рамномерно распоредени низ целото парче, а доколку сирењето не се врати во првобитниот облик откако сте го притиснале, подобро немојте да го купувате.

6-eve-kako-da-izberete-kvalitetni-namirnici-dodeka-kupuvate-vo-market-www.kafepauza.mk_

Месо

Свежото месо е розово, а не со светло црвена или дури кафеава боја. Обрнете внимание на масните делови, тие би требало да бидат блескави и доста светли. Доброто месо, исто така, ќе се врати во првобитниот облик и нема да се лепи за рацете.

7-eve-kako-da-izberete-kvalitetni-namirnici-dodeka-kupuvate-vo-market-www.kafepauza.mk_

Риба

Свежата риба има јасни очи, додека замаглените или извадените очи се знак дека рибата е стара. Шкргите се со светло црвена боја, поретко светло розови. Кога ќе ја земете рибата во раце, опашката би требало слободно да виси.

8-eve-kako-da-izberete-kvalitetni-namirnici-dodeka-kupuvate-vo-market-www.kafepauza.mk_

Млад кромид

Погледнете ја границата помеѓу белите и зелените делови. Ако тие се јасно одвоени, производот е добар. Ако едниот дел преминува постепено во другиот дел, кромидот ќе биде премногу жилав.

9-eve-kako-da-izberete-kvalitetni-namirnici-dodeka-kupuvate-vo-market-www.kafepauza.mk_

Исто така ви предлагаме да ги погледнете и овие корисни совети за тоа како да ги одржувате овошјето и зеленчукот свежи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар