Како да ги комбинирате класичните парчиња облека на нов и тренди начин?

Како да ги комбинирате класичните парчиња облека на нов и тренди начин?

Класичните модни комбинации, односно класиката како дел од безвременото, не би требало да биде нешто кое е само дел од вашиот стил. Кога е во прашање гардеробата, класиката секогаш треба да појдовна точка, бидејќи бројни дами во текот на вековите со своите модни комбинации оставиле длабока трага во модниот свет. Но, секако, тоа толкување на класичното се менувало со текот на времето, како што се менувале и трендовите. Време е да ги освежите вашите модни комбинации и да ги направите атрактивни и потполно модерни, бидејќи тоа е нешто што од секоја девојка, која се грижи за себе, може да создаде ултра модерна девојка.

1. Широки џемпери + кожа/чипка/свила

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

2-kako-da-gi-stilizirate-klasichnite-parchinja-obleka-na-nov-trendi-nachin-www.kafepauza.mk_

Големите, широки џемпери не се минлив тренд кој стана популарен во моментот кога модните експерти започнаа да ги промовираат „поголемите“ парчиња облека како одлични за женскиот стил, туку тие се присутни во женската мода уште одамна. Единствената разлика е во начинот на кој се носат. Во комбинација со кожа или романтични материјали, како што е на пример свилата или чипката, плетените парчиња секогаш изгледаат неодоливо. Кога малку подобро ќе погледнете, тоа навистина се споеви кои ќе ве доведат до „лудило“, бидејќи без сомнение изгледаат одлично заедно.

2. Џемпер/сако/блуза + кожни хеланки

4-kako-da-gi-stilizirate-klasichnite-parchinja-obleka-na-nov-trendi-nachin-www.kafepauza.mk_

Со вашите класични парчиња облека како што се едноставниот џемпер, сакото, сведената блуза и бундата која отсекогаш постои како дел од модата, облечете парче облека кое високо се оценува подолго време кај девојките. Најверојатно веќе сфативте за што станува збор, бидејќи кожните хеланки се нешто кое го има во секој гардеробер, само во различни модели. Со секоја ваша безвремена модна комбинација, сосема е сигурно дека кожните хеланки ќе го пронајдат своето место.

Преминете на следната страница за останатите модни комбинации…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар