Како да ги читате нутриционистичките факти на амбалажата од производите?

Како да ги читате нутриционистичките факти на амбалажата од производите?

Иако најдобар начин да се контролира внесувањето храна во организмот е читањето на нутриционистичките факти напишани на амбалажата од производот, сепак ретко кој го прави тоа. Покрај фактот колку калории внесувате преку некој производ, можете да дознаете дали во него има и некои штетни додатоци, шеќер и слично.Како да ги читате нутриционистичките факти на амбалажата од производите?

Заситени масти (Saturated Fats)

Ваквите масти можат да се најдат во сите животински производи како млекото, црвеното месо, во сирењето и кашкавалот, како и во путерот и во сладоледот. Овие масти се проблематични бидејќи го зголемуваат лошиот холестерол. Затоа треба да внимавате да внесувате помалку од овие масти.

Транс масти (Trans Fats)

Овие релативно нови непријатели на здравјето се наоѓаат во повеќето готови пекарски производи. Тие се уште понездрави од заситените масти, бидејќи покрај покачувањето на лошиот холестерол, го подигаат нивото и на триглицеридите и ги прават тромбоцитите полепливи, па се создава ризик од затнување на крвните садови.

Доколку внесувате голем број транс масти во организмот, вие го зголемувате ризикот и од срцеви заболувања. Треба да бидете внимателни, бидејќи производителите понекогаш избегнуваат директно да ги именуваат транс мастите.  Во нив спаѓаат и „делумно хидрогенизираните билни масла“. Избегнувајте храна која содржи повеќе од 10% заситени масти или повеќе од 1 грам транс масти за да го избегнете ризикот од срцеви болести.
Како да ги читате нутриционистичките факти на амбалажата од производите?

Фруктуозен скробен сируп

Овој преработен засладувач се наоѓа во соковите, колачите, па дури и во готовите преливи за тестенини. Се смета за еден од главните виновници за дебелеењето во светот и за епидемијата на дијабетес, затоа што, како и другите шеќери, драматично го покачува нивото на шеќер во крвта, а не заситува. Најдобро би било да го ограничите внесувањето на ваква храна до минимум.

Хемикалии

Некои странски имиња на состојките како калиум метабисулфит (potassium metabisulphite) или калциум хлорид (calcium chloride) може да заменуваат околу една петина од сите состојки на некои намирници.

Иако не се присутни во големи количини, тие најчесто се конзерванси и можат да имаат негативен ефект врз здравјето на луѓето. Некои луѓе кои се осетливи на сулфиди можат да имаат дури и алергиски реакции.

Натриум

Натриумот или солта е многу важна хранлива материја, но треба да се внимава да не се внесува повеќе од дневно потребното количество. Натриумот не влијае на нивото на гликоза во крвта, но просечна возрасна личност би требало да внесува помалку од 2.400 милиграма натриум дневно.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар