Изберете ги вистинските: Која боја на чевли најдобро одговара на одредена боја на облека?

Изберете ги вистинските: Која боја на чевли најдобро одговара на одредена боја на облека?

Кога станува збор за црните чевли, нема проблеми при нивното комбинирање. Меѓутоа, кога ќе наидете на други модели, честопати не сте сигурни со кои бои е добро да ги комбинирате, особено кога станува збор за облека што не е шарена и што која ќе ви помогне да ја решите оваа дилема. Во продолжение проверете кои бои и нијанси најдобро се комбинираат со одредени чевли.

Изберете ги вистинските: Која боја на чевли најдобро одговара на одредена боја на облека?

1. Црвени чевли + розова, портокалова, црна, бела, морско сина и беж нијанса

Црвените чевли сами по себе се доволно ефективни за да станат ѕвезда на комбинацијата и затоа најдобро се комбинираат со помалку впечатливи парчиња.

2. Зелени чевли + кафеава, црна, жолта, сина и беж нијанса

Зелени чевли се изненадувачки разновидни. Без оглед на нијансата, тие најмалку одговараат со црвената и со портокаловата боја.

3. Сини чевли + жолти, бела, кафеава и беж нијанса

Сините чевли совршено се комбинираат со фармерки. Бебешката сина и кралската сина боја на потпетици изгледаат одлично со посветли фармерки, а другите нијанси одлично се комбинираат со сивите модели.

4. Портокалови чевли + сина, бела, црвена, жолта, земјена и беж нијанса

Впечатливите портокалови чевли не се комбинираат со светли зелени и виолетови нијанси. Многу подобро изгледаат кога се комбинираат со неутрални бои и нијанси.

5. Златни металик чевли + црна, смарагдно зелена, црвена, бела, кралско сина нијанса

Слично како црвените чевли, на овие модели е најдобро да им дозволите да се истакнат покрај некоја поедноставна комбинација за да не претерате со сјајот на една комбинација.

6. Сребрени металик чевли + бела, виолетова, темносина, црна и беж нијанса

Сребрените металик сандали ќе изгледаат одлично со мал црн фустан, а салонките со иста боја и текстура ќе ја збогатат комбинацијата на фармерки и бела маица со кратки ракави.

7. Бели чевли + темносина, беж нијанса, „бебешко“ розова, сина и сива нијанса

Последните неколку сезони белите чевли се апсолутен хит. Чизмите до глужд се носеа во текот на зимските месеци, а во летните денови преовладуваат белите сандали. Слободно можете да си поиграте со нив ако сте расположени за модни експерименти, но ако сакате да играте на сигурно, комбинирајте ги со сини или со беж нијанси.

8. Розови чевли + сиви, пастелни нијанси, корална боја

Како што се очекуваше, „бебешко“ розовата боја одлично се комбинира со пастелно сина или зелена боја. Пудра розовата боја е најдобро да се комбинира со корални нијанси, а светлорозовата со сива боја.

9. Месо боја чевли + сите бои, со акцент на белата и на сивата боја

Моделите на обувки во боја на кожа се одлична алтернатива за црните чевли. На пример, кога чувствувате дека црните чевли се малку темни за вашата комбинација, заменете ги со оваа боја. Најдобро се комбинираат со бели и сиви парчиња облека, но и со беж боја. Само обрнете внимание на нијансите.

Погледнете како да ги носите тексасните шорцеви оваа сезона.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар