Искрен совет од мажите: Како да се справите со раскинувањето?

Искрен совет од мажите: Како да се справите со раскинувањето?

Соочувањето со раскинување на една љубовна врска е многу непријатно искуство. Некои личности при разделбата може дури да доживеат голем емотивен стрес и болка. Без разлика на каков начин ви влијае раскинувањето, постојат начини кои ќе ви помогнат да ја подобрите ситуацијата во која се наоѓате. Доколку чувствувате дека сте испробале сѐ и ви се потребни нови и свежи идеи за да продолжите напред, денес ви предложуваме неколку.

Искрен совет од мажите: Како да се справите со раскинувањето?

1. Поминувајте време со пријателите и семејството

Треба да се трудите што е можно поголем дел од времето да бидете опкружени со луѓе кои се грижат за вас. Наместо да се заклучите во вашата соба и да размислувате за минатото, многу е важно да добиете емоционална поддршка од вашите најблиски. Во вакви моменти ќе сфатите колку ви се важни пријателите и семејството.

2. Отстранете ги работите кои ве потсетуваат на него

Најважно е да ги отстраните оние работи кои најмногу ве потсетуваат на него. На пример, можеби во вашата соба се наоѓа некој подарок кој тој ви го подарил. Па, наместо постојано да се потсетувате на заедничките моменти, најдобро е да го сокриете или пак едноставно да го фрлите. Можеби ќе пронајдете некое задоволство во ова, па макар и тоа да е краткотрајно. Фрлањето на предметите кои ве потсетувале на љубов е симболичен чин што претставува дека завршило вашето заедничко време.

3. Ослободете се од неговите работи

Првото нешто што би можеле да го направите е да му ги дадете неговите работи лично. Но, доколку сметате дека со тоа повеќе би се повредиле, тогаш тоа нека го направат вашите пријатели. Ако ги чувате неговите работи кај себе, тоа сѐ повеќе ќе ви ја отежнува ситуацијата, затоа, најдобро е да го решите овој проблем што е можно побргу.

4. Не останувајте во контакт со него

Ако зборувањето со него ви предизвикува болка, тогаш треба да си дадете простор за да се излекувате. Доколку сакате да бидете пријатели или само повремено да разговарате, сосема е во ред сѐ додека не чувствувате потреба да му се вратите. Не е здраво да се задржувате на минатите односи, па ако тоа значи целосно да го избришете од вашиот живот, не двоумете се. Жално е кога ќе сфатите дека немате никаков контакт со личноста со која некогаш сте биле блиски и сте споделувале многу моменти. Но, не гледајте на работите на овој начин, затоа што вие имате ограничено време на оваа планета. Затоа, прифатете ги промените и искористете ги шансите кои ви се нудат. Треба да бидете среќни што сте ја запознале таа личност и сте стекнале ново искуство.

5. Избегнувајте дрога и алкохол

Лековите за смирување може да ви помогнат многу во периодот кога се разделувате од вашиот партнер, но не треба да ги злоупотребувате. Бидете крајно внимателни со тоа што го правите и не дозволувајте да посегнете по некои работи кои може да ви создадат зависност. Имајте на ум дека во тој момент сте емотивно ранливи, а решението не е во дрогата и алкохолот. Тие може само да ви предизвикаат повеќе проблеми. Исо така доколку во минатото сте биле пушач, обидете се да избегнувате контакт со цигари, затоа што многу е лесно во ваквите моменти повторно да ѝ се вратите на оваа стара и штетна навика.

Искрен совет од мажите: Како да се справите со раскинувањето?

6. Останете во форма

Самодовербата по раскинувањето е многу важна особина, а во тоа може да ви помогне вашиот изглед. Посветете се на вежбање, трчање, возење велосипед и многу други активности кои ќе ви овозможат да го подобрите и физичкото и менталното здравје.

7. Не казнувајте се

Отстранете ги од главата сите мисли кои само ви ја намалуваат самопочитта. Понекогаш работите не се онакви какви што посакувате, а не секогаш тоа е по ваша вина. Луѓето прават грешки, постојат недоразбирања, а честопати не можете да направите ништо за да ја смените ситуацијата. Па, бесцелно е да се казнувате себеси.

8. Обидете се да ги контролирате вашите мисли и постапки

Колку што можете повеќе обидете се да стоите на цврста земја и да не мислите на него. Кога ќе сфатите дека размислувате за него, одвлечете си го вниманието така што ќе започнете со некоја активност. Контролирањето на своите мисли и постапки е од големо значење. Суштината се состои во тоа да останете смирени, да делувате студено и да настојувате денот да го поминете без да заплачете или да помислите на него. Негувајте ја менталната благосостојба колку што е можно повеќе, затоа што само една вознемирувачка мисла е доволна за да ви ги врати сите спомени. Потсетете се дека после дождот доаѓа сонце, па така, после тешките и тажни денови, за вас постои среќа, па по некој период ќе погледнете со насмевка наназад на целата ситуација, држејќи ја раката на некој кој навистина ве заслужува.

9. Јадете доволно

Не изгладнувајте се. Ако веќе не се чувствувате добро, избегнувањето на јадењето ќе направи да се чувствувате уште полошо. Настојувајте да консумирате нешто, макар и тоа да е само нешто за пиење.

10. Не прејадувајте се

Од друга страна пак, некои личности кога се нервозни и депресивни, имаат навика да јадат. Сепак, имајте предвид дека прејадувањето нема да ви донесе никаква корист, ниту емоционална, ниту физичка, туку напротив, само може да ви ја намали самодовербата.

Искрен совет од мажите: Како да се справите со раскинувањето?

11. Јадете здраво

Јадете храна која е богата со хранливи материи и која ќе направи да се чувствувате физички подобро. Заедно со вежбањето, здравата исхрана ќе ви даде одлични резултати.

12. Одморајте се доволно

Спиењето е од суштинско значење за да се чувствувате подобро. Ако не можете да заспиете во текот на ноќта, обидете се со користење на природен додаток како мелатонин. Исто така интензивното вежбање ќе ви помогне да имате помирен сон. Ако пак секогаш кога ќе отидете во кревет се соочувате со многу мисли и навраќања кон спомените, тогаш гледајте телевизија или слушајте музика сѐ додека не заспиете.

13. Практикувајте активности кои ќе ви го одвлечат вниманието од сите случувања

Комедиите се одличен начин да го подобрите вашето расположение. Исто така можете да читате некоја интересна книга или да практикувате хоби во кое навистина уживате и кое ќе ви помогне да го ослободите вашиот ум од сите негативни работи кои ви се случиле.

Значи, потребно е многу трпение и напорна работа за да го поминете периодот по раскинувањето, а наведените начини може да ви помогнат да го забрзате процесот. Нема потреба да тагувате затоа што вашата врска е завршена, време е да продолжите напред!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар