Исчистетe го лицето од акни на природен начин со овие маски

Исчистетe го лицето од акни на природен начин со овие маски

Дома веќе имате некои одлични средства кои можат да се борат со акните и останатите работи кои сакате да ги исчистите од лицето. Следејќи го првиот метод во комбинација со двете природни маски кои ќе ви помогнат во таа цел.

Исчистето го лицето од акни на природен начин со овие маски

Инхалација

Ова е едноставен третман кој ќе ги отстрани мастите и нечистотиите кои остануваат на лицето кои подоцна создаваат акни.

Потребно е:
  • сад со зовриена вода која испарува
  • крпа за покривање на главата
  • голем сад
  • една шака билки: ментол, лаванда и босилек
Начин на подготовка:

Зовриената вода претурете ја во другиот сад, ставете ги и билките во него и чекајте десетина минути. Потоа наведнете се со лицето над садот, покријте се со крпата и останете така 5-10 минути. На крај избришете го лицето.

 

Откако ќе завршите со третманот со пареа, ставете на лицето една од овие две маски.

1. Маска со мед и лимон

Потребни состојки:
  • половина лимон
  • 2 лажици мед
Начин на подготовка:

Исцедете го лимонот во садот, додајте го и медот и мешајте додека не се соединат убаво. Полека нанесете ја смесата, при тоа нежно масирајќи го лицето. Оставете ја маската на лицето околу пет минути, а потоа нежно отстранете ја.

2. Маска со јогурт, мед и цимет

Потребни состојки:
  • 2 лажици мед
  • 50 мл јогурт
  • ½ лажичка цимет
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во мал сад и мешајте додека не добиете тенка смеса. Нанесете ја на лицето и нека стои пет минути пред да ја отстраните.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар