Идеални колачиња за Денот на вљубените: Бакнежи од вишни

Најдобар, но исто така и највкусен начин да ја изненадите вашата сакана личност за Денот на вљубените е да ги направите овие вкусни бакнежи со многу љубов. Уште и ако таа ги обожува десертите, сигурно овие колачиња ќе ја воодушеват. Отсекогаш е познато дека патот до срцето на саканиот води преку стомакот, затоа загрејте ја рерната и фатете се за работа, бидејќи состојките за овој оригинален подарок веќе се во вашата кујна!

Идеални колачиња за Денот на вљубените: Бакнежи од вишни

    Потребни состојки:

  •     100 г сушени вишни
  •     2 белки
  •     1 лажичка сок од лимон
  •     110 г шеќер
  •     1 лажичка рендана кора од лимон
  •     50 г рендано чоколадо
  •     50 г растопено чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 130 степени. Исечкајте ги вишните. Изматете го белките, шеќерот и сокот од лимон во цврст снег. Матете додека шеќерот не се растопи и смесата не стане сјајна.
  2. Потоа додајте ги и сечканите сушени вишни и ренданата кора од лимон и промешајте со шпатула.
  3. Со помош на 2 лажици, формирајте колачиња и редете ги во плех, врз хартија за печење и печете ги 40-50 минути. Исечкајте го млечното чоколадо, стопете го и украсете ги колачињата со тоа што ќе ги наросите и со рендано чоколадо.

Можеби сакате да им го засладите денот на своите блиски и со овој неверојатен десерт: Торта „Снегулка“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар