И силните жени што постојано се смеат, заспиваат плачејќи!

Постојат одреден вид жени што сите ние ги знаеме. Тоа се оние жени што заспиваат со солзи на образите. А кога размислувате за нив, тие не се тоа што очекувате да бидат. Вие замислувате слаба жена, што постојано молчи. Замислувате дека тие се изолирани и затворени, дека се безнадежно драматични, и дека се створени за неволји. Но, тоа е далеку од вистината.

(2) i-silnite-zheni-shto-postojano-se-smeat-zaspivaat-plachejkji-www.kafepauza.mk

Жените што заспиваат плачејќи се оние што имаат храбро лице. Тие се секогаш најгласни во друштвото, секогаш насмеани и забавни. Шират позитивна енергија во која просторија и да влезат. Тие се оние што изгледаат силно, моќно и самоуверено. Оние што сите сакаат да ги имаат во своја близина, бидејќи се едноставно прекрасни за дружење.

И иако изгледаат совршено, тоа што не го знаете е дека длабоко во себе водат голема битка. Вие не можете да ги видите нивните солзи бидејќи тие добро ги кријат. Не можете да ги видите ниту нивните негативни емоции, бидејќи постојано се сосредоточуваат на позитивните нешта во својот живот. И најчесто се успешни во сè ова.

Но, кога ќе се вратат дома, во тишината, гласот во нивната глава станува сè погласен. Тогаш на површина излегуваат сите нивни несигурности, сите сомнежи и двоумења, сите нерешени проблеми… Тогаш си легнуваат во креветот, и остануваат целосно сами со своите мисли. Токму осаменоста (дури и ако има некој до нив) е таа што ги преплавува со овие негативни чувства.

Солзите за овие жени не се знак на слабост. Тие се начин да ги исфрлат сите лоши емоции од себе и да можат да го почнат следниот ден посвежи. Плачењето за нив е полнење со енергија. И тоа е сосема во ред. Тие нашле начин како да ја искористат ранливоста за да функционираат во овој брз свет и токму тоа ги прави похрабри и посилни од сите останати.

Ако мислите дека сте силна жена, прочитајте го и ова!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар