Генијални трикови: Искористете ги вашите омилени козметички производи до последна капка!

Генијални трикови: Искористете ги вашите омилени козметички производи до последна капка!

Колку пати ви се случило воопшто да не потрошите некој козметички производ до крај, а веќе морате да го фрлите, бидејќи се скршил или се оштетил на кој било начин? Фрлањето на неискористените производи и не е баш некоја економична опција, зар не? Особено кога ќе се сетиме колку пари сме потрошиле на тие производи. Во продолжение ви откриваме како да го продолжите векот на траење на вашите омилени козметички производи.

1-genijalni-trikovi-iskoristete-gi-vashite-omileni-kozmetichki-proizvodi-do-posledna-kapka-www.kafepauza.mk_

1. Продолжете го векот на траење на скапата пудра

Вашата омилена пудра, за која сте потрошиле вистинско, мало богатство е при крај, а вие моментално и не сте баш во финансиска можност да купите нова. Продолжете го векот на нејзиното траење така што на преостаната количина на пудра ќе додадете хидратантна крема за лице. Измешајте ги производите или растресете го шишенцето во која се наоѓа, и ќе добиете зголемена количина пудра која нема да изгуби многу од своите својства. Дури ќе стане полесна и подобро ќе се стопи во вашата кожа на лицето.

2-genijalni-trikovi-iskoristete-gi-vashite-omileni-kozmetichki-proizvodi-do-posledna-kapka-www.kafepauza.mk_

2. Искористете ја кремата до последна капка

Пред да ги фрлите „потрошените“ производи спакувани во пластични шишенца исечете ги со помош на ножици на половина и ќе забележите дека има уште доста од производот на рабовите и аглите на шишенцето до кои не сте можеле да досегнете со класично стискање. Ви препорачуваме остатокот од производот да го соберете со хигиенска чепкалка за уши и да го префрлите во чист, стаклен сад со капаче и на тој начин да го искористите до последната капка.

3-genijalni-trikovi-iskoristete-gi-vashite-omileni-kozmetichki-proizvodi-do-posledna-kapka-www.kafepauza.mk_

3. Вратете ја функцијата на компактната пудра

Потта и честичките од кожата кои остануваат на четката или сунѓерчето, преку нив се пренесуваат на површината на компактната пудра. Се случува нејзината површина буквално да се скамени и пудрата да стане неупотреблива. За да го спречите тоа, земете силен селотејп и притискајте го на површината на пудрата за да го отстраните површниот скаменет слој. Вашата пудра набрзо ќе биде како нова!

4-genijalni-trikovi-iskoristete-gi-vashite-omileni-kozmetichki-proizvodi-do-posledna-kapka-www.kafepauza.mk_

4. Освежете ги валканите сенки за очи

После долгиот период на користење се случува сенките за очи, исто како пудрата во претходниот случај, да се скаменат или да ја изгубат бојата. Лесно ќе ги освежите доколку ги напрскате со медицински алкохол и ги тапкате со памук.

5-genijalni-trikovi-iskoristete-gi-vashite-omileni-kozmetichki-proizvodi-do-posledna-kapka-www.kafepauza.mk_
Продолжете на следната страница за повеќе трикови…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар