Француски трик за убавина: Како да имате полни усни како Бриџит Бардо

Француски трик за убавина: Како да имате полни усни како Бриџит Бардо?

Француската актерка Бриџит Бардо е безвременска убавица која ќе остане запаметена по нејзината прекрасна руса коса, мачкиниот поглед и полните усни во розова боја. Токму нејзините усни биле инспирација за многу француски козметичари, шминкери и љубители на шминкањето и стилизирањето да пронајдат некаков трик со кој ќе можат да ги зголемат усните и притоа да изгледа природно, дискретно и не претерано. Во продолжение прочитајте ги нивните професионални совети.

Француски трик за убавина: Како да имате полни усни како Бриџит Бардо

1. Секогаш внимавајте моливот за усни да одговара на вашата природна боја на усните, односно бојата на карминот кој планирате да го ставите за да постигнете природен изглед.

2. Нанесете го моливот за усни почнувајќи од надворешните агол кон внатрешниот, малку над работ на усните за визуелно да го зголемите нивниот волумен.

3. Французинките ја сакаат суптилната и ненападна шминка. Немојте да претерувате со цртањето на лаковите на усните, бидејќи нема да бидете задоволни со крајниот резултат. Имајте на ум и дека повеќето личности имаат асиметрични усни, па израмнувањето е дозволено.

4. Пополнете ги рабовите на усните со кармин кој ќе го нанесете со четка. Доколку имате проблем со цртањето на прави линии, насмејте се. Насмевката ќе ги растегне вашите усни и ќе ги нагласи линиите, а со тоа ќе ви ја олесни работата.

Во продолжение погледнете го видеото на професионалната шминкерка Шалрот Тилбури, која ги следи сите претходни совети.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар